8 совети за здрав живот кај вас и Вашето дете

Сите знаеме дека децата гледаат од своите родители. Начинот на тоа како живеат родителите се отсликува и врз децата. Затоа е од особено важно родителите да имаат здрави навики. Една стара поговорка вели: „Човекот е стар онолку, колку што се чувствува стар!“ Сите знаеме дека побавно се старее, ако се земаат доволно витамини и минерали. Ќе постанеме подолго млади ако брзо ги исфрламе отровите од телото и ако се грижиме за правилниот довод на кислород во нашето тело.
1.  Ќе ја оддолжиме староста ако јадеме доволно кромид, лук и друг свеж зеленчук и овошје.
2.  Сите знаеме дека редовниот, непречен сон од најмалку 8 часа, го продолжува животот, зашто на организмот му е неопходен овој одмор.
3.  За подолг живот важна е работа и на свеж воздух, барем малку работа во дворот, движење во природа во текот на денот и слично.
4.  Кој сака да живее подолго, мора доволно да се движи, да спортува или барем редовно да шета, најмалку по неколку часа дневно.
5.  И контактот со водата дава нови дополнителни шанси. Потребно е секојдневно да се пие вода и да се одржува лична хигиена.

Здрав живот
6.  Оние луѓе кои се задоволни, потолерантни и порадосни, можат да се надеваат на подолг живот.
7.  Најважна е разумната концентрација на подолг и позрдав живот: секое утро велете си себеси „Колку е убаво, пред мене е долг живот!“ .
8.  Не планирајте за еден ден, една година, планирајте за подолго!

Текстот го напиша лиценциран детски тренер и личен детски асистент: Славе Павловски

Можеби ќе ве интересира