Епизоди на бес кај деца

Децата имаат моменти на бес кога тие се чувствуваат разочарани или напнати. Повремените моменти на бес се нормална фаза во развојот на малите деца. Родителите треба да се загрижат, ако децата збеснуваат екстремно или постојано.

Некои од работите што родителите можат и треба да ги направат за да им помогнат на децата да го надминат бесот се:

  • редовно и опуштено да поминуваат време со децата
  • да им даваат до знаење дека забележуваат кога тие прават добри работи и
  • да ги земат предвид другите стресни причинители кои влијаат на децата, на пример, кога детето започнува да оди во дневен престој, кога во семејството има ново бебе или кога родителите се расправаат.

    Епизоди на бес

Проблематичното однесување може да влијае на способноста на детето или младото лице да решава проблеми, да се соочува со стресните ситуации во животот и да ужива во вообичанеите активности со семејството и пријателите. Исто така, ваквото однесување може негативно да влијае на учењето во училиште. Нарушеното однесување може да го отежни спријателувањето на децата со други деца и може да ги поремети односите со семејството. Ако децата и младите лица не се превенираат, тие може да продолжат да имаат проблеми на училиште, со законот, на работа и со формирањето на сопствени семејства.

Можеби ќе ве интересира