Нарушено однесување кај дете

Скоро сите деца понекогаш се проблематични или бараат големо внимание, посебно малите деца. Проблематично или нарушено однесување е однесување кое трае или станува толку сериозно што предизвикува големи проблеми за семејствата или градинката/училиштето. Кога имаме претерано нарушеното или агресивното однесување на било која возраст кај детето, треба сериозно да се пристапи кон тоа. Не треба да се отфрли како ‘фаза му е и ќе помине’ или како нешто од кое децата ‘ќе се одвикнат’. Ваквото однесување кај децата и младите може да започне со често лутење, избувливост, импулсивно однесување, или кога тие почнуваат многу лесно да се нервираат. Кога родителот или некое друго возрасно лице кое често е во контакт со детето е загрижен заради однесувањето на детето, треба да побара совети од стручно лице. Здравствените стручни лица, вклучувајќи ги советниците, можат да им помогнат на родителите да ги утврдат проблемите и да најдат начини за да му помогнат на детето да се соочи со проблемите.
Нарушено однесување
Агресивното однесување може да вклучува:
– експлозивен бес
– физичка агресивност
– повредување на себеси
– тепање со други, заканување или обиди да се повредат други лица
– во повозрасни години употреба на оружје
– брутално однесување со домашните миленичиња или други животни
– намерно уништување на имот, или
– вандализам.
Целта на дисциплинирањето на детето е тоа да научи како да се однесува. Треба да се пристапи со авторитет и не треба да се применува неправедна дисциплина. Физичката казна често го влошува однесувањето на децата. Кога децата и младите гледаат или слушаат домашно насилство, тоа влијае на нив исто како тие самите да биле телесно повредени. Телевизиските програми или видео игрите со насилство исто така може да влијаат на осетливите мали деца. И мора да знаеме дека насилството често води кон насилство.

Можеби ќе ве интересира