Пластичните кеси во морето, несвесно влегуваат во синџирот на исхрана

Мерки за укинување на пластичните кеси за една употреба:

Со цел да се ограничи количината на пластични кеси за една употреба, некои земји се одлучуваат за забрани, оданочување или различни форми на доброволни договори. Забраната на пластични кеси е најефикасна во случаи кога тие претставуваат непосредна и јасна закана, сепак, забраните зависат од силниот капацитет за спроведување на законот. Италија, Руанда и Бангладеш воведоа забрани. На пример, по седум години забрана, потрошувачката на пластични кеси во Италија падна за повеќе од 50%, додека претходно Италијанците се наоѓаа меѓу најголемите потрошувачи на пластични кеси во Европа. Во Ирска, првата земја што воведе данок на пластични кеси во 2002 година, употребата на пластични кеси опаднала за 90%.

Ден-без-пластични-кеси

Можеби ќе ве интересира