Благодарност до децата од моето опкружување

Благодарност

Односот меѓу воспитувачот и учениците е чист и инспиративен. Основата на оваа врска е разбирање и меѓусебно почитување. Работиме, се дружиме и си помагаме еден на друг да станеме помудри и најдобрата верзија од себе. Ретко се наоѓаат  ученици како вас. Срцето ми се исполни со радост, денес кога ги прочитав пораките на листот. Се чувствувам толку среќен што сте дел од мојот живот. Како човек кој работи со деца, најмногу ме прави среќен кога ќе добијам искрени зборови од децата во моето опкружување.

Благодарност

Децата како сите вас се причината што сум горд на мојата професија. Чест е да се просветлуваат таквите светли умови. Со вас имам прекрасни спомени и засекогаш сум ви благодарен за тоа. Многу сум горд што сум дел од вашето одделение неколку години и сте вредни ученици кои даваат одлични примери. Бидете среќни и продолжете така. Без сомнение ќе правите големи работи во иднина. Презадоволен сум од подарокот кој ми го дадовте. Мислам дека зборовите не би биле доволни за да ја покажам мојата благодарност. Уште еднаш, искрено, имајте ја целата среќа на овој свет. Ве сакам и подржувам мои VI-в одделение.

Можеби ќе ве интересира