Како минува еден мој викенд – дело на Мила Павловска

Како минува еден мој викенд

Деновите во викендот ми започнуваат многу вообичаено. Спијам малку повеќе од секој работен ден, но не премногу. Тоа го правам за да имам време да го осетам целиот викенд.
Кога ќе станам јадеме. Во сабота обично со мојот татко одам на планина. Природата дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и убав поглед за нашите очи. Сепак за да ја имаме убава слика во нашите глави, природата треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Како и ние, и таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина. Природата секогаш ни порачува да ја чуваме, да не ја загадуваме, затоа што таа мисли на нас и на идните генерации. Чистите и бистри реки, езера се здрава средина на водениот свет, но и на нас- луѓето. Природата треба да се чува за да не опкружува убавина од шуми,цвеќиња, бистри реки и чиста здрава околинаСекоја сабота одбираме различно место на кое одиме. За таму носиме малку храна и цедени сокови. Обично седиме околу 2 или 3 часа. Потоа се враќаме дома. Денот го поминуваме со споделување на впечатоците од местото. Во недела сме дома и имаме заеднички ручек и одмараме за следната работна недела.

Вака го поминувам мојот викенд. Секогаш убаво поминат, на чист воздух и со релаксирање.

Мила Павловска е ученичка во осмо одделение во ООУ Јан Амос Коменски, Карпош, Скопје

Можеби ќе ве интересира