Како да ги подобрите социјалните вештини кај деца со забавен развој

Секој почеток на нова средина, почеток на учебна година, менување на ново училиште честопати доведува до вознемиреност. Оваа вознемиреност може да трае до неколку месеци бидејќи детето прави пријатели и се навикнува на нивната нова околина. Сепак, секој почеток во нова средина па и почеток на секоја учебна година нуди и друга шанса да се пронајде посебен пријател, да се биде посебен пријател и да се оствари значајни врски со другите.

Социјални вештини
Чувството на социјално прифаќање не само што ги прави децата да се чувствуваат среќни, ценети и сигурни, туку се покажало дека ги подобрува академските вештини поврзани со групна работа, учество на час, решавање проблеми, разбирање на читање и креативно пишување. Многу деца развиваат социјални вештини инстинктивно, додека на други им треба експлицитно учење за да ја подобрат комуникацијата. Ова е особено точно за учениците со нарушување на вниманието,  хиперактивност, аутизам, нарушување на аудитивната обработка, оштетување на слухот, невербално нарушување на учењето и јазични оштетувања. Новите почетоци во нови групи или во училиште, обезбедуваат инклузивни средини каде што децата можат да ја зголемат својата самодоверба практикувајќи комуникација со своите врсници.
Насочените вештини би треало да вклучуваат слушање и прифаќање на различни идеи и перспективи, разбирање на говорот, саморегулација и емоционална контрола,  давање и примање комплименти,  давање придонес за разговор, фокусирање на една тема подолг временски период, наизменично зборување и препознавање кога почнува и кога завршува разговорот и многу други социјални аспекти.
Родителите можат многу да помогнат да се намали меѓучовечката вознемиреност со зајакнување на следниве социјални вештини: да го посетат своето дете кога тоа е во друштво на своите пријатели, да ги истакнуваат нивните успеси, да вежаат да разговараат како да се деца со своите деца, да вклучат спорт, курсеви …
Сите ученици имаат корист од социјалниот ангажман за ученичко и меѓучовечко задоволство. Учениците со забавен развој имаат иста потреба да се вклучат и да се дружат со другите.
Како што ќе се зголемуваат вештините кај децата, така и самодовербата ќе им се зголемува.

Можеби ќе ве интересира