Средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски во неговата вила

На ден 19.07.2019 год. во утринските часови ние децата од wekids.mk предводени од нашиот наставник Славе Павловски бевме во вилата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Имавме можност за прв пат да се запознаеме со работата на институција претседател на држава.

Средба со претседателот

Во 10 часот и 15 минути пристигнавме во претседателската вила. Најпрво бевме спроведени до неговиот работен кабинет, каде тој лично не чекаше. Откако не прими, не поздрави, љубезно не пречека и домаќински не смести, на сите деца ни даде подароци. Не можевме да дочекаме и веднаш ги отворивме подароците.  За возврат ние му дадовме благодарница за тоа што не прими нас децата од  wekids.mk .

Средба со претседателот

Сите деца се претставивме и го прашувавме безброј прашања во текот на разговорот, кој траеше повеќе од половина час, а претседателот се потруди на детски начин да ни одговори на нашите прашања и да ни објасни што работи претседателот во нашата држава.

Средба со претседателот

Тој ни објасни дека стои на чело на нашата војска и е врховен командант. Ни кажа и дека ги потпишува законите кои ги донесуваат политичарите во нашиот парламент. Како деца бевме толку многу возбудени, а претседателот беше толку добар што ни даде да седнеме и на неговиот претседателски стол каде што тој работи. Потоа некои од неговите асистенти не прошетаа низ претседателската вила и не однесоа во неговите работни простории.

Средба со претседателот

Ја видовме и салата за состаноци и салата за прес конференции, каде што имаше два ѕида со мозаик. Мозаикот го изработил Глигор Чемерски, еден од најзначајните современи македонски уметници, сликар, графичар и мозаичар. Цело време со нас покрај неговата советничка, беше и сликарот кој не сликаше неуморно. Тој не сликаше дури и со претседателската гарда. Тие војници изгледаа толку моќно. На крајот не испратија до влезната врата со желби еден ден и ние да станеме видни луѓе кои ќе водат држава.

Средба со претседателот
Со оваа посета ние децата од wekids.mk имавме можност да научиме за тоа што работи претседателот, каде живее и какви ингеренции има.

Авторско дело на
Мила Павловска
11 години

Можеби ќе ве интересира