Што треба да прават родителите кога децата не можат да направат нешто
Гледањето на нашите деца како се мачат е една од најтешките работи со кои се соочуваме како родители. Кога ќе направат грешка или кога гледаме дека грешат, целото наше тело реагира. Тоа не е свесен избор, туку биолошки одговор вметнат во нашиот систем. Амигдалата ( дел од мозокот, односно од лимбичкиот систем кој е вклучен во менаџирањето на емоциите, меморијата, и дава одговор на “бори се или бегај”) се активира, пулсот се зголемува, мускулите се напнати. И во поголемиот дел од човечката историја, тој инстинкт е она што ги одржувало децата во живот. Ги заштитувало од вистински, непосредни опасности како предатори, сурови зими и глад. Но, денес повеќето од предизвиците со кои се соочуваат нашите деца не се опасни по живот. Заборавањето на приборот од ранец не е голема работа. Ниту пак ако не му се врзани врвците на патиките или не добило добра оценка по некој предмет, а сепак, нашите тела реагираат како да се. Кога ги гледаме како се мачат, стапува истиот антички, заштитен инстинкт. Но, тука е работата.
Децата не треба да се спасуваат од овие искуства. Тие треба да поминат низ нив. Тие мора да ја почувствуваат непријатноста од соочувањето со проблем, стресот од изнаоѓање решение, гордоста од сфаќањето: „Јас го направив тоа. Тоа е мое“. Затоа што неуспехот, иако е непријатен, фрустрирачки, а понекогаш и болен, не е нешто што треба да се избегнува. Тоа е неопходен дел од растот. Ги учи децата да се приспособат, да размислуваат критички, да продолжат да одат дури и кога работите не одат како што треба. Значи, вистинската опасност не е самиот неуспех, туку што се случува кога премногу се плашиме да дозволиме да пропаднат. Затоа што никој не поминува низ животот без неуспеси.
Во одреден момент во понатамошниот живот, тие ќе пропуштат важна работа, ќе се збркаат на работа, ќе пропуштат унапредување или ќе донесат лоша одлука. Така тие ќе доживеат отфрлање, разочарување и фрустрација. Ќе имаат моменти кога ќе се чувствуваат заглавени, изгубени, и ако никогаш не научиле како да се справат со неуспехот како деца, нема да знаат што да прават кога тоа навистина е важно. Тие нема да го гледаат како дел од процесот, туку ќе го гледаат како доказ дека не се доволно добри.
И кога тоа верување ќе се вкорени, тоа не само што ќе ги кочи, туку тоа ќе ги обликува како тие ќе се гледаат себеси и за што ќе веруваат дека се способни. Но, тоа не мора да биде нивната реалност. Сега, ако сте како повеќето родители со кои разговарам лично, веројатно сте загрижени како да го подготвите вашето дете за реалниот свет. Па одговорот е да почнете да ги подготвувате токму сега. Не со големи гестови или големи животни лекции, туку во малите, секојдневни моменти. Со тоа што ќе им дадете задолженија за да почнат да се гледаат себеси како способни и одговорни. Дозволувајќи им да придонесат за да разберат дека се дел од нешто поголемо од себе односно да зборуваат во продавница, ресторан или лекарска ординација, дури и ако се двоумат или се нервозни. И со тоа што ќе се соочат со последиците од сопствените грешки за да научат како да се приспособат, наместо да се потпираат на некој друг да ги поправи работите наместо нив. Тоа е разликата помеѓу децата кои растат во независни, самодоволни возрасни и оние кои се борат да ја најдат својата основа во реалниот свет. Родителите треба да научат како да го најдат тоа место помеѓу давањето потребна поддршка и простор да открива самостојно. Така тие можат да изградат вистински вештини, да стекнат самодоверба и да зачекорат во светот чувствувајќи се способни и подготвени. Пробајте сами да спроведете стратегии и самите да ги видите промените кај вашето дете.