Што е инклузивно образование?

Што мислите кога некој ќе ви каже за инклузивно образование? Може ли да замислите децата со посебни потреби да го поминат денот во друг вид училница, одделени од повеќето деца од нивната возраст. Ова може да е норма во минатото. Но, како што полето на инклузивното образование напредуваше, многу се промени. Денеска инклузивното образование е фокусирано на помагање на децата со попреченост да учат заедно со нивните врсници. Ова повеќе не мора да значи поставување на децата во специјална училница по цел ден. Всушност учениците кои добиваат посебни образовни услуги да учат заедно со своите врсници што е можно повеќе. На пример, некои ученици со дислексија може да поминуваат поголем дел од денот во училница за општо образование. Тие можат да поминат само еден час или два во просторија за работа која работи со специјалист за читање и други вештини како логопед, дефектолог… Другите ученици со дислексија можеби ќе им треба повеќе поддршка од тоа. И можеби ќе треба да посетуваат и друго училиште што е специјализирано за учење на деца со потешкотии во учењето.

“Инклузивното образование се однесува на голем број на услуги кои може да се обезбедат на различни начини и во различни услови”.

Не постои пристап “еден начин за сите” во инклузивното образование. Тоа е приспособено да ги задоволи потребите на секој ученик поединечно. Инклузивното образование се однесува на голем број на услуги кои може да се обезбедат на различни начини и во различни услови. Тука е вклучено: работа во училиште, посета и работа со специјалист за читање, пишување…, вклучување во спортски активности за развивање на моториката, вклучување во друштвени игри и животни вештини. Ако вашето дете се квалификува за специјално образование, тој треба да добие индивидуализирана настава и други клучни ресурси. Специјалистите кои работат со вашето дете ќе се фокусираат на неговите предности, слабости, како и неговите предизвици. Вие треба да бидете важен член на тимот кој одлучува што му е потребно за да напредува во училиште.

Show More
Close
Close