Дали сте во потрага по совршениот роденденски подарок за најмалите и најмили славеници?

Многу често се запрашуваме кој би бил идеалниот подарок за нашите најблиски. Трагаме по изборот на совршен, уникатен подарок, особено за нашите најмалечки славеници.

Согласно светските трендови се забележува дека омилените подароци за децата се персонализираните подароци.

За прв пат на нашиот пазар – Кидлинг ни го претстави најуникатниот роденденски подарок за деца. Имено, се работи за персонализирана роденденска книга во која главниот јунак е токму славеникот/славеничката.

На веб страницата на Кидлинг (www.kidling.mk), Вие го одбирате името, возраста и физичките карактеристики на Вашето дете (обликот и бојата на фризура и бојата на очи).

Дополнително, Вие имате можност и да напишете лична посвета која ќе се најде отпечатена на првата страница од оваа книга. Ова е прекрасна шанса да ја овековечите Вашата роденденска желба.

Во поглед на содржината на книгата, малите славеници одат во авантура во која пронаоѓаат роденденски желби. Но, тоа не се обични желби, туку состојки за подготвување на највкусната, роденденска торта. Секоја од нив се крие во волшебен свет, во кој живеат нови, најдобри другарчиња. Дознајте кои се тие и што ќе му посакаат на славеникот! Уверете се зошто персонализираните книги на Кидлинг се најомилените книги на стотици дечиња во нашата земја.

Подарете го најуникатниот подарок, кој Вашето дете ќе си го чува и памети – засекогаш!

Можеби ќе ве интересира