Викенд на забава и шопинг: Големи финални попусти и ЛЕГО работилници во Ист Гејт Мол

Вториот месец во годината штотуку започна, но последната шанса за смарт, зимски и економичен шопинг веќе е при крај. Овој викенд најголемиот шопинг центар во регионот за сите домашни и интернационални посетители најавува викенд на забава и големи намалувања.

Ист Гејт Мол деновиве е исполнет со голем број љубители на купувањето подароци за најблиските, декорирањето на домот, освежувањето на зимскиот моден и спортски стил. Многу познати брендови, од кои 40 ги има само во овој шопинг центар, нудат бројни примамливи понуди за сите  вкусови, а големите Финални попусти ќе траат само до 07.02.2022 (понеделник) и тоа во најголемата шопинг престолнина во регионот, – Ист Гејт Мол.

Поради големиот интерес и одзив за ЛЕГО работилниците, коишто беа реализирани и беа вистински хит кај дечињата, како едни од најомилените посетители во Ист Гејт Мол, овој викенд, на 05.02.2022 (сабота) и на 06.02.2022 (недела), од 13:00 до 16:00 ч. и двата дена, ќе се реализираат повторно ЛЕГО работилници со коцки.

Сите дечиња, кои ќе бидат дел од истите ќе имаат можност да ја развијат својата имагинација и фантазија, а секако ќе ги очекуваат и интересни изненадувања и подароци. Влезот е бесплатен, а локацијата за ЛЕГО работилниците и за двата дена е иста како и претходно, на I кат пред продавницата Крш во Ист Гејт Мол.

Ист Гејт Мол е отворен за посетители секој ден од 10 до 22 часот. Секоја недела продавниците работат до 20 часот, а рестораните и баровите во недела се отворени до 22 часот.

Ти си центар.

Можеби ќе ве интересира