Враќањето на училиште може да е возбудливо, но може да создаде вознемиреност и предизвици за детето со попреченост. Овие совети можат да ви помогнат на вас и на вашето дете да се движите низ новата учебна година и да ги започнете и завршите работите одлично. Како родител на дете со посебни потреби, треба да направите се што прават родителите на децата со типичен во развој и исто така неколку дополнителни работи. Секој од советите подолу ќе го поддржи вашето дете додека се навикнува на новата учебна година.
1. Учествувајте во изработка во индивидуалниот образовен план
Сигурно до сега сте имале состанок за ИОП и може да имате закажано нов состанок за почеток на учебната година. Темелен преглед на вашиот ИОП ви овозможува да потврдите какви очекувања треба да се направат за вашето дете и ви овозможува да се осигурате дека тоа е целосно поддржано.
2. Шопинг за на училиште
Вашата листа за купување е малку поинаква од онаа што ја дава училиштето. Вашето дете може да има потреба од адаптивни уреди или асистенции, од специјален прибор или до држачи за моливи кои промовираат правилно држење. Вашето училиште може да ги обезбеди овие предмети, но купувањето порано гарантира дека имате се што е потребно од првиот ден.
3. Потврдете го вашиот распоред
Вашите обврски мораат да претрпат промени, затоа што сега Вашето дете има поинаков дневен распоред. Осигурајте се дека тимот кој работи со вашето дете ги има деталите за какви било промени во распоредот што започнуваат во новата учебна година, за да можете да се прилагодите кон тоа.
4. Социјални приказни
Нова учебна година е со нов наставник и/или нови соученици. Одвојувањето време да зборувате за промените и да работите преку она што треба да очекувате, може да му помогне на вашето дете да се подготви и да ја намали вознемиреноста доколку ја има.
5. Поминете некое време во училница
Пред да започне учебната година, однесете го детето во училиште и внесете го внатре. Однесете го во училницата во која ќе учи, посетете го тоалетот и просториите во кои детето треба да се движи. Ова ќе му помогне многу да се оттргнат стигмите кои можеби тоа ги има, после три месеци враќање во училиште.
6. Запознајте го наставникот или наставниците
Искористете ги сите можности за да ги запознаете наставниците пред почетокот на учебната година. Вашето дете ќе има подобро чувство што да очекува кога ќе пристигне големиот ден.
7.Прегледајте ги безбедносните прашања
Ако вашето дете има ризик од бегство или има други однесувања што би можеле да бидат ризични, вашиот нов наставник и тим треба да бидат известени, дури и ако овие детали се во вашиот ИОП. Потсетникот дека вашето дете ќе ја напушти училницата без предупредување или може да се качи на мебелот, ќе му помогне на вашиот тим да се подготви.
8. Додајте дополнителна поддршка
Вклучете други терапевти кои можат да му помогнат на Вашето дете полесно да се прилагоди во започнувањето о учебната година и полесно даго совлада материјалот.
Се ова може да му помогне на вашето дете да има одлична нова учебна година на училиште.