Нарушено однесување

Скоро сите деца понекогаш можат да се проблематични или бараат вложување поголем напор, а посебно помалите деца. Проблематично или нарушено однесување е однесување кое трае или станува посериозно што предизвикува проблеми во семејството, училиштето, друштвото… Претерано нарушеното или агресивното однесување на било која возраст треба сериозно да се разбере. Тоа не треба да се отфрли како ‘фаза’ или како нешто од кое децата ‘ќе се одвикнат’. Ваквото однесување кај децата и младите може да започне со често лутење, избувливост, импулсивно однесување, или кога тие почнуваат многу лесно да се нервираат, а тоа се почесто да го покажуваат. Кога родителот или некое друго возрасно лице кое често е во контакт со детето, како наставник, учител, е загрижен заради однесувањето на детето, и веднаш треба да побара совети од стручно лице. Стручни лица, можат да им помогнат на родителите да ги утврдат проблемите и да најдат начини за да му помогнат на детето да се соочи со проблемите. Агресивното однесување може да вклучува:
• експлозивен бес
• физичка агресивност
• тепање, заканување или обид да се повредат други лица
• употреба на било какво оружје
• брутално однесување со домашни миленичиња или други животни
• намерно уништување на имот
• вандализам.


Целта на дисциплинирањето на детето е тоа да научи како да се однесува и никако да не се применува строга или неправедна дисциплина. Физичката казна често го влошува однесувањето на децата. Кога децата и младите гледаат или слушаат домашно насилство, тоа влијае на нив исто како тие самите да биле телесно повредени. Телевизиските програми или видео игрите со насилство исто така може да влијаат на осетливите мали деца. Насилството често води кон насилство.

Можеби ќе ве интересира