Извадок од збирката „Не сме родени случајно“ на авторката Славица Бијелиќ кој ќе го трогне секој родител

Извадокот од збираката  „Не сме родени случајно“ на авторката Славица Бијелиќ може да го трогне секој родител и да го натера правилно да се однесува пред своето дете.

Јас сум збунет

Драги мои родители, постојано ми велите дека цигарите се штетни и дека никогаш не треба да ги пробам. Ви верувам! И тоа ми го повторувате додека од устата ви излегуваат прстени од чад и цела куќа мириса на никотин. Јас сум збунет! Вие ми велите дека секогаш треба да ја кажувам вистината, дека никогаш никого не треба да лажам. Ви верувам! А зошто тогаш кога ќе заѕвони телефонот и ќе видите број на дисплејот на кој не сакате да одговорите, јас морам да одговорам и да кажам дека не сте дома. Некогаш е повик од банка, некогаш од сосед кој сака да дојде на кафе, некогаш од луѓе за кои никогаш не сум слушнал. Дали ова значи дека децата смеат да лажат во корист на возрасните? Јас сум збунет! Вие ми кажувате колку е важно да се занимавам со спорт и како да не пијам кога ќе пораснам. И јас ви верувам! Но, зошто тогаш тато не оди на кошарка кога ќе го повикаат, туку со шише пред него не го испушта далечинскиот управувач? Јас сум збунет! Постојано ми кажувате колку е штетно користењето мобилни телефони и како можам да станам зависен од социјалните мрежи. Ви верувам! И зошто кога одиме по улица, јас ја гледам сестра ми додека мајка ми пишува пораки, налетуваме на минувачите во кои ќе се удри и не не слуша кога нешто ја прашуваме? Јас сум збунет! Ме спречувате да играм компјутерски игри за да не станам зависник и да не ги запоставам сите други обврски. И јас ви верувам! Само не разбирам зошто тато го поминува времето на компјутер играјќи игри наместо да си игра со нас. Јас сум збунет! Ми велите дека е грдо кога некој пцуе и дека никогаш не треба да пцујам. И јас ви верувам! А зошто скоро секоја ваша реченица е преполна со пцовки? Пцуете кога нема паркинг, кога ви пречи кучето на комшијата, кога ќе дојде поштарот рано наутро. Јас сум збунет!
Драги мои родители, знам дека сакате да направите добар човек од мене, но не ми се допаѓа како го правите тоа. Верувам во се што ќе ми кажете, но сум збунет од тоа што го гледам. Затоа, запомнете, моите мали уши ги слушаат вашите зборови, но моите бистри очи го следат секој ваш потег.

Ве сака вашето дете!

И на крајот, како што народот кажал: „Како што сонцето се рефлектира во реката, така и родителите се рефлектираат во децата“.

Можеби ќе ве интересира