Онлајн конференција „Како да креираме општество без бариери?“
Здружението Икуалити, во рамки на меѓународниот проект
„ID: CITIZEN“, организира онлајн конференција посветена на унапредување на
пристапноста, универзалниот дизајн и системските решенија за еднакво учество
на лицата со попреченост во јавниот простор и заедницата.
Конференцијата ќе се одржи на 27 мај, среда, со почеток во 10:00 часот, преку
платформата ZOOM.
Настанот ќе ги претстави клучните искуства и резултати од студиските посети
реализирани во Полска и Словачка како и публикацијата „Препораки за
политики за подобрена инклузивност“. Документот содржи практични насоки и
предлози за воспоставување системска пристапност, подобрување на движењето
низ градовите, унапредување на јавните простори и примена на инклузивни
практики во сите четири земји.
Главната порака на конференцијата е дека пристапноста не смее да биде
привилегија или дополнителна мерка, туку основно право и составен дел од
планирањето на секоја заедница. Доколку јавниот простор не е системски
проектиран за сите граѓани, тој станува бариера која исклучува наместо да
поврзува.
Конференцијата ќе ја предводат претставници на партнерските организации:
Здружение Икуалити од Македонија, Фондација Интеграција од Полска,
Организација Рака под рака од Унгарија и Здружение Тененет од Словачка, а
учество ќе земат претставници на институции, општини, професионалци од
областа на урбанизмот, архитектурата, културата и социјалната инклузија,
граѓански организации, како и сите засегнати страни кои работат на унапредување
на пристапноста и еднаквото учество во општеството.
Учеството е бесплатно, со претходна регистрација преку линкот: Регистрациска
форма.
Проектот е поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд, кој ја поддржува
регионалната соработка меѓу организациите на граѓанското општество за
унапредување на нивните односи, размена и споделување идеи и
промовирање на меѓусебно разбирање.
