По години работа во специјалната едукација, веќе немам кочници.
Сум работел со деца, со родители, со институции и со системи. Сум видел напредок што изгледал како чудо и стагнација што болела повеќе од било каков пораз. Но токму во тие години научив дека најголемиот проблем во оваа професија не е дијагнозата. Проблемот е системот околу неа.
Едната страна на оваа професија ја знам добро. Професионалната. Онаа што знае колку е тешко да се изгради доверба со дете со нетипичен развој. Колку трпение бара секој мал чекор. Колку знаење, структура и тимска работа стојат зад секој вистински напредок.
Но ја запознав и другата страна.
Онаа со малку знаење и многу самодоверба.
Онаа каде што има образование, но нема воспитување мисли дека ја разбира комплексноста на попреченостите.
Онаа што работи по шаблон, без проценка, без стратегија, без разбирање на детето пред себе.
Дали навистина можеш да работиш со деца со нетипичен развој?
Можеш да имаш добра волја.
Но добрата волја не е методологија.
Не е дијагностичка проценка.
Не е терапевтска стратегија.
И тука почнува проблемот.
Кога човекот што работи со детето нема доволно знаење, што добива детето?
Часови без структура.
Интервенции без цел.
Активности што изгледаат како работа, но не носат вистински развој.
А цената ја плаќаат оние што најмалку можат да си ја дозволат.
Децата.
Во оваа професија не смееме да си дозволиме аматеризам.
Затоа што изгубените месеци кај едно дете можат да значат изгубени години во развојот.
Сите зборуваат за инклузија.
За поддршка.
За права.
Но каде е квалитетот?
Каде се стандардите?
Каде е одговорноста?
Специјалната едукација не е хоби.
Не е краток курс.
Не е професија што се учи „во од“.
Тоа е струка што бара години образование, супервизија, практика и постојано учење.
И кога ќе се сретнат вистински професионалци, едукатор, терапевт, наставник и родител, тогаш не се случува само третман.
Се случува развој. Добар развој.
p.s.
Ова не е критика кон младите професионалци. Секој од нас почнал од почеток.
Ова е критика кон системите што ставаат неподготвени и неодговорни луѓе во улоги за кои немаат доволно знаење, менторство, рамка и доаѓаат на работа колку да бидат вработени.
А децата заслужуваат многу повеќе од тоа.
