Предновогодишна инклузивна магија – забава и волшебни спомени за сите!

Здружението ИКУАЛИТИ, во соработка со Скопје Сити Мол, на 26 декември 2025 година (петок), со почеток од 10:00 часот, ја организира најпрекрасната, најзабавната и најинклузивната предновогодишна забава, која по трет пат носи радост и празнична магија за сите граѓани.

Предновогодишната инклузивна забава е отворена за сите и претставува позитивен пример за соработка и испраќа силна порака за еднаквост, прифаќање и почитување на различностите.

Програмата опфаќа:

10:00 ПРАЗНИЧНА ПОВОРКА НА ДЕДО МРАЗ И ПОМОШНИЦИТЕ

10:00 – 12:00 СЕНЗОРНА ХЕРБАЛНО-КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА – БИЛКИЛАЈФ

11:00 – 13:00 НОВОГОДИШНА НАГРАДНА ИГРА „ТРАГАМЕ ПО БОГАТСТВО“

14:00 – 15:00 МУЗИЧКА ПРИКАЗНА „КАКО ДЕДО МРАЗ ОСЛАБЕЛ?“ – ТЕАТАР ЗА ТЕБЕ

15:00 – 17:00 МУЗИЧКО-ЗАБАВНА ПРОГРАМА

-ученици од музичко училиште „Андријана Јаневска“

-Петко и Пет+ фамилија

26 – 28 декември ИЗЛОЖБИ

„Уметноста е за сите“ – фотографии на Стефани Стојановска.

„Живеј со стил – поддржи различности“ – 32 портрети на лица со попреченост

„Преку внимателно осмислени содржини, настанот придонесува кон создавање позитивна и инспиративна средина во која децата, младите и возрасните со и без попреченост ќе можат заеднички да уживаат и да се забавуваат. Сензорните, креативните и забавните активности ќе поттикнат емпатија, меѓусебно разбирање и активно учество, создавајќи магија и волшебни спомени за сите во овие празнични денови.“ – изјави Гере Трипков, претседател на Здружението Икуалити.

Повеќе детали за настанот и целосната програма се достапни на овој линк: Новогодишна инклузивна забава 2025, како и на официјалните профили на Здружението Икуалити на Инстаграм и Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира