ВИДЕО: Ова е Матеј Настевски, новиот Зоки Поки

Десетте епизоди од „Зоки Поки” ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Додека го чекаме почетокот на емитувањето, се запознаваме со симпатичниот Матеј Настевски, кој ја толкува главната улога, Зоки Поки.

Матеј е петтоделенец во ООУ „Мирче Ацев” во Скопје кој обожава да патува и другарува. Тој вели дека за време на снимањето на „Зоки Поки” се пронашол себеси и дека дефинитивно сака да продолжи да се занимава со глума кога ќе порасне.

Во двеминутно видео со прашања и одговори подготвено од тимот на „Зоки Поки”, Матеј открива што е љубов, кој му е омилен, а кој најтежок предмет во школо, зошто „Зоки Поки” му е омилена книга, кои му се омилените серии, филмов и цртани, дали повеќе сака ванила или чоколадо, кој спорт му е најзабавен, кој стрип го сака најмногу, дали рециклира и, секако, дали има симпатија.

Останатите улоги ги толкуваат децата-актери Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницата ZokiPoki.mk.

Слични објави од категоријата:

Back to top button
Close