Животни вештини – патот до самостојност за секое дете
Секое дете има право на развој и можност да го живее својот живот со достоинство и радост. За децата со посебни потреби, учењето на основните животни вештини е основа за независност, сигурност и активна вклученост во општеството. Тоа се секојдневни активности кои им овозможуваат на децата да се грижат за себе и да се снаоѓаат во различни ситуации. Во нив спаѓаат: лична хигиена (миење раце, заби, чешлање, капење), облекување и соблекување, основни навики за хранење и подготовка на едноставна храна, сигурно движење и ориентација во просторот, комуникација и изразување потреби и социјални вештини како поздравување, соработка, чекање ред. Овие вештини се важни поради неколку работи, и тоа:
1. Патот кон самостојност – Со совладување на животните вештини, детето станува помалку зависно од родителите и возрасните. Ова го охрабрува да биде поактивен учесник во секојдневието.
2. Зголемување на самодовербата – Секој успех, без разлика колку е мал, им дава чувство на постигнување и ја зајакнува неговата верба во сопствените способности.
3. Полесна интеграција – Детето кое умее да се грижи за себе полесно се вклучува во училишни и социјални активности. Така гради пријателства и учествува во заедницата рамноправно со другите.
4. Подготовка за иднината – Колку порано се совладаат овие вештини, толку полесно детето ќе се снаоѓа како поголем и возрасен.
Во улогата на семејството и стручната поддршка, родителите се први и најважни учители. Потоа стручните лица (дефектолози, логопеди, педагози, психолози) со нивните методи и стратегии го олеснуваат учењето. А како најважна го истакнувам процесот на трпение, поддршка и охрабрување.
Затоа, стекнувањето на основните животни вештини не е само практична потреба, тоа е клуч за еден посреќен, посамостоен и исполнет живот. Секое дете со посебни потреби, со правилна поддршка, може да ги развие своите потенцијали и да чекори кон иднината со повеќе сигурност и радост.
Поддржете го вашето дете денес, затоа што секој чекор е важен!