Светскиот ден на физикалната терапија за првпат бил воведен во 1996 година од Светската конфедерација за физикална терапија. Тие одлучиле дека 8 септември, датумот кога е основана Светската конфедерација за физикална терапија во 1951 година, треба да биде датум за годишен настан. За 20 години од тогаш, Светскиот ден на физикалната терапија помогна да се подигне свеста за потенцијалот на физикалната терапија и напорната работа на физиотерапевтите. Светскиот ден на физикалната терапија е сосема уникатен во споредба со другите денови што имаат за цел да го одбележат менталното и физичкото здравје на луѓето. За разлика од кампањите на другите светски денови, чија цел е да се подигне свеста за реалноста на состојбата илиболеста со која луѓето жиеат, примарната цел на Светскиот ден на физикалната терапија е да се признаат физиотерапевтите и разноврсноста на физикалната терапија во подобрување на квалитетот на живот. Темата на Светскиот ден на физикалната терапија е „Рехабилитација по долгиот Ковид-19“, и доказ за тоа како физикалната терапија и терапевтите можат да го подобрат не само квалитетот, туку и должината на нашите животи. Трите главни пораки што Светската конфедерација за физикална терапија има за цел да ги пренесе, е дека:
1. Луѓето од сите возрасти треба да останат активни
2. Физиотерапевтите можат да ви помогнат природно да го вклучите режимот на физичка активност во вашиот секојдневен живот.
3. Физиотерапевтите можат да помогнат да се подготват планови и вежби за вас, без оглед на вашата возраст.
Можеби ќе ве интересира