Десет совети на родителите за помош на децата во процесот на учење
1. Мозокот на детето се развива се до шестата година од неговиот живот. Во тој период по невролошки патишта се создаваат бесценети врски што неможат да се формираат по шестата година. Овие врски настануваат со стимулирање на детскиот мозок.
Стимулацијата се постигнува преку сетилата. Со секојдневно поттикнување на сетилата го стимулираме детскиот мозок.
2. Прочитајте ја книгата „Како да ја зголемите интелегенцијата на вашето бебе“ од Глен Доман.
Таа ќе ви помогне да сфатите зошто и како треба да го подучувате вашето дете.
3. Децата сакаат да учат. За нив тоа е вештина што е нужна за преживување.
Дајте му ja на своето дете секоја можност да види нови работи и објаснувајте му што е тоа што го гледа.
4. Ништо не е посложено од учењето јазик. Сепак сите деца многу лесно го научуваат својот мајчин јазик. Причина за тоа е фактот што детскиот мозок е програмиран за учење јазици се до шестата година.
На своето дете дајте му можност да научи најмалку еден странски јазик со што значително ќе се зголеми капацитетот на неговиот мозок и тоа ќе му овозможи доживотно познавање на друг јазик. Потрудете се тоа да биде направено на системски и забавен начин.
5. Децата можат да впијат значително повеќе информаации од нас. Купувајте им книги за птици, за инсекти, за цвеќиња и слично.
Кога одите во прошетка понесете ги овие книги и на тој начин заедно со детето ќе можете да проверите која птица, инсект или цвет сте го виделе. Сето тоа ќе биде забавно за сите вас.
6. Пофалбите на сметка на вашето дете се многу важни за вашиот меѓусебен однос на краток, но и на подолг рок. Ваквите пофалби се клучни за поттикнување на детската самодоверба и за неговото насочување.
Секогаш фалете ги своите деца, дури и за најмали ситници што добро ги направиле.
7. Децата ги мотивира успехот. Потрудете се вашите деца да бидат свесни на своите успеси без разлика на тоа колку се тие малечки.
Вашето одобрување ќе им помогне да се мотивираат за уште поголеми достигнувања.
8. За вашето дете вие сте центар на Универзумот. Вашето дете мора да ви верува за да се чувствува сигурно.
На своето дете секогаш зборувајте му ја вистината и секогаш оддржувајте ги дадените ветувања.
9. Ништо не е поважно од емотивната состојба на вашето дете.
Грижете се за себе, бидете среќни и одморни. Тоа ќе ви помогне да останете смирени и да придонесете за среќата и стабиноста на вашето дете.
10. Првите години од животот на детето се неизмерно важни.
Бидете заедно во забава, љубов и учење. Животот е како танц. Тацувајте го заедно.
Подарете му на своето дете подарок за целиот живот!