ГРАЃАНИНОТ ВО ФОКУС – полски искуства за инклузивно урбано планирање

ГРАЃАНИНОТ ВО ФОКУС

Од 01 до 05 септември 2025 година, во Варшава, Полска, ќе се одржи првата студиска посета од почетната фаза на реализација на проектот ID:CITIZEN. Ова е прва од двете планирани посети, во градовите Варшава и Братислава, кои ќе се фокусираат на иновативни практики во областа на пристапноста, инклузивното урбано планирање и културното учество на лицата со попреченост.
Проектот ID: CITIZEN има за цел да го намали културното, општественото и архитектонското исклучување на 20% од населението – лица со попреченост од четирите земји на партнерските организации – Македонија, Полска, Словачка и Унгарија, обезбедувајќи им поквалитетен живот во поглед на општественото вклучување и учество.
Преку средби со релевантни министерства, посети во јавни институции, општествено одговорни компании и Секторот за урбанизам на Град Варшава, овој проект ќе придонесе кон модернизирање и подобрување на сегашните инклузивни практики, размена на искуства помеѓу експертите од целните области и поттикнување промени во имплементација на нови, односно ревидирање на постоечки меѓународни практики, со цел побрзи и ефикасни инклузивни решенија во дел на урбанистичко планирање и пристапност во јавни простори.
„Проектот ID:CITIZEN ќе помогне да го подигнеме јавното разбирање за инклузивноста и да обезбедиме одржливи методи и насоки за застапување на инклузивни политики и елиминирање на бариерите. Размената на искуства ќе допринесе и за зајакнување на процесите за поддршка на лицата со попреченост, во целните земји од Централна И Источна Европа.“ – изјави Ружица Стојановска, коррдинаторката од Здружението Икуалити.
Крајната цел на проектот е изготвување на сеопфатен документ „Препораки за политики за подобрена инклузивност“, кој ќе ги насочи институциите, креаторите на политики и јавните актери кон создавање поконструктивни процеси во овозможување на инклузивни средини во Централна и Источна Европа.
Проектот е реализиран во партнерска соработка на Здружението Икуалити (Македонија) со Фондација Интеграција (Полска), Здружение Тененет (Словачка) и Организација Рака под Рака (Унгарија), а се реализира со поддршка на Меѓународниот Вишеградски фонд, за поттикнување и унапредување на регионалната соработка меѓу граѓански организации, размена на искуства и промовирање на меѓусебното разбирање.

Можеби ќе ве интересира