Книга, чај и пролетно сонце

Песна на Берк Ѓунеш, ученик во VIII одделение

Денот се буди полека и нежно,
нема веќе време снежно.
Сончеви зраци, немирни и сјајни
ѕиркаат од прозорот како бескрајни.

Во еден агол од домот мој
продираат пролетни зраци в рој
Во постела мека и нежна
исто како покривка на планина снежна.

Земам интересна книга в рака
и топол чај што душа ми сака.
Се одбива од книгата моја
топлиот зрак во најубава боја.

Тргнав во авантура само јас и чајот мој,
да читам книги е предизвик свој.
Во светот на мисли мудри
Во море од букви окото се судри.

Книгите ми се брод кон иднината
од нив ја учам вистината.
Во свет на магија што книгата ја носи,
во мојот ум светлина ми роси.

Страница напишана приказна лие,
Чашата чај, здравје крие,
Допирот на книга на сонцето свети.
Пролетна мелодија, душа да просвети.

Чајот топол мирисен како цвет
ме грее во овој пролетен шарен свет.
Со секоја страна и секој здив
срцето ми игра како пролетен ветер див

Запомни ги моментите, додека времето лета,
Со книгата и чајот, срцето секогаш ќе шета.

Состав на Берк Ѓунеш, ученик во VIII одделение

Можеби ќе ве интересира