Парк кој поставува високи стандарди за урбано планирање – припреми за изведба на „Паркот на еднаквоста“
На 25 септември, во просториите на Општина Кисела Вода, во присуство на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставници на Здружението Икуалити, се одржа состанок за претставување на идејното решение за „Паркот на еднаквоста“.
Идејното решение за паркот, кој ќе биде синоним за највисоки стандарди во урбаното планирање, го презентираа авторите на проектното решение, претставниците на архитектонското студио KONNTRA и Здружението Икуалити.
Проектот ќе понуди нов култен, урбан простор за рекреација, интеракција со природата, едукативни содржини за најмладите, а ќе промовира и иновативни стандарди на пристапност за сите сограѓани, вклучително лицата со попреченост.
Позициониран на инфраструктурно значајна локација во Општина Кисела Вода, зад Тутунскиот комбинат, урбан простор кој граничи и артериски непосредно се поврзува со општините Аеродром и Центар.
Предвидено е во претстојниот период да започне втората фаза од проектот, припрема на решението за изведба, а не подоцна од еден месец да започне и изведбата на паркот.
Проектот „Парк на еднаквоста“ има за цел креирање највисоки стандарди во изедначувањето на пристапот кон урбаните простори, вклучително лицата со попреченост, поттикнување креативност кај децата и младите низ учењето и осознавањето преку игра, релаксација и интегративни катчиња, а ќе се реализира во соработка со Здружението Икуалити и Општина Кисела Вода и е поддржан поддржан финансиски од Амбасадата на Република Полска во рамки на програмата „Полска помош“.