Што е инклузивно образование?

Инклузивно образование

Многу родители кои имаат деца со нетипичен развој и со кои сум во комуникација ме прашуваат како нивните деца ќе одат во училиште. Што мислите кога некој ќе ви каже за инклузивно образование? Може ли да замислите децата со посебни потреби да го поминат денот во училница каде нема негови врсници и кои учат во редовни училишта, одделени од повеќето деца од нивната возраст. Ова може да е норма од минатото. Но, како што полето на инклузивното образование напредуваше, образованието многу се промени. Денеска инклузивното образование е фокусирано на помагање на децата со нетипичен развој да учат заедно со нивните врсници. Ова повеќе не значи поставување на децата во посебна училница по цел ден. Всушност учениците кои добиваат посебни образовни услуги можат слободно да учат заедно со своите врсници. На пример, некои ученици со дислексија може да учат со своите врсници во редовните училишта. Овие деца треба дополнително да одат на специјалист како логопед, дефектолог и редовно да одат на училиште како нивните врсници. “Инклузивното образование се однесува на голем број на услуги кои може да се обезбедат на различни начини и во различни услови, сите во редовното образование”. Не постои универзален пристап “или еден начин за сите” во инклузивното образование. Тоа е приспособено да ги задоволи потребите на секој ученик поединечно. Инклузивното образование се однесува на голем број на услуги кои може да се обезбедат на различни начини и во различни услови. Тука е вклучено: работа во училиште, посета и работа со специјалист за читање, пишување, зборување…, вклучување во спортски активности за развивање на моториката, вклучување во друштвени игри и животни вештини. Ако вашето дете се квалификува за специјално образование, тој треба да добие индивидуализирана настава и за него да се направи индивидуален образовен план и други клучни ресурси. Специјалистите кои работат со вашето дете ќе се фокусираат на неговите предности, слабости, како и неговите предизвици. Вие треба да бидете важен член на тимот кој одлучува што му е потребно за да напредува во училиште и редовно да бидете вклучени во работата за неговиот развој.

инклузија

Можеби ќе ве интересира