Стратегии за решавање проблеми помеѓу родителите и наставниците
Во време на онлајн настава кога многу од децата се кријат позади своите електронски уреди и не ја следат со внимание наставата, како што би ја следеле доколку се на училиште со физичко присуство, ми се јавуваат родители за решавање на настанатите проблеми кои ги имаат со децата или со нивните наставници. Најбитно е да ги следите клучните точки на кои треба посебно да обрнете внимание:
1. Вообичаено е децата да имаат проблеми на училиште. Некои проблеми вие и вашето дете може да ги решите дома, но на некои им треба добра соработка родител-наставник.
2. Ако треба да решите проблем со наставникот на вашето дете, добро е да побарате посебна средба родител-наставник.
3. Едноставните чекори за решавање проблеми можат да ви помогнат вие и наставникот на вашето дете да работите кон позитивно решение, а вашето дете да напредува без никаков проблем.