Свесност не е доволна: Време е за вистинско прифаќање на аутизмот

Април е месец на прифаќање на аутизмот, затоа е време е да зборуваме за разликата помеѓу „свесност“ и „прифаќање“.
Со години, фокусот беше ставен на свесноста: да се знае дека постојат аутистични луѓе. Но во 2026 година, тоа не е доволно. Може да бидете „свесни“ за нечие постоење, а сепак да го исклучувате. Може да знаете за аутизмот, а сепак да очекувате луѓето да ги потиснуваат своите природни однесувања за да им биде поудобно на другите.
Прифаќањето е нешто сосема поинакво. Прифаќањето значи промена во системот. На пример, само околу 12% од возрасните со аутизам во светот имаат платена работа. Тоа е една од најниските стапки на вработеност меѓу сите групи лица со попреченост. Свесноста ја знае оваа бројка. Прифаќањето, пак, го менува начинот на интервјуирање, работната средина и ригидното работно време од 9 до 17 часот.
Во исто време, листите за чекање за дијагноза на аутизам може да трае со месеци, а некаде трае и со години. Прифаќањето значи да им се обезбеди поддршка на луѓето според нивните потреби, а не само врз основа на формална дијагноза. Чекањето на „хартија“ за да се добијат прилагодувања директно им штети на аутистичните лица.
Аутистичната заедница сè повеќе се оддалечува од симболот на сложувалка, кој ни сугерира дека нешто „недостасува“ и го прифаќа знакот на бесконечност во златна боја и во боја на виножитото или симбол на бескрајната разновидност на човечкиот мозок.
Прифаќањето значи да им излеземе во пресрет на аутистичните луѓе, наместо да бараме од нив да се вклопат во „невротипични“ норми. Тоа значи да разбереме дека не станува збор за „лоши социјални вештини“, туку за поинаков начин на комуникација.
Сензорната безбедност исто така е дел од прифаќањето: да се препознае дека светлата можеби се премногу силни, просторот е бучен, а отворените канцеларии можат да бидат пречка, и да се направи нешто конкретно во врска со тоа.
Целта за овој април е јасна:
– да ги слушаме аутистичните гласови,
– да ги поддржуваме и помагаме на аутистичните креатори,
– да застанеме зад организации водени од самата заедница.
Прифаќањето не е само став, тоа е активна работа за отстранување на бариерите што ги спречуваат аутистичните луѓе да живеат и да напредуваат како што се.
Дали сте подготвени да одите чекор понатаму од „свесност“ оваа година? Време е да размислиме што навистина правиме.

Можеби ќе ве интересира