Како да се соочите со нарушеното однесување

Без разлика како може да се однесуваат вашите деца, тие треба да знаат дека вие нема да ги повредите или да ги напуштите. Не само да им го кажувате тоа, него и да го потврдувате со постапки и однесување пред нив. Децата треба да знаат дека нивните родители може да им помогнат да ги контролираат чувствата.  Обидете се да откриете кои се главните стресови и преземете нешто во врска со нив. Контролирајте ги односите во семејството. Подучувајте го детето дека чувствата може да се контролираат и да се искажуваат на корисни начини.  На вашето дете можеби ќе му треба помош за да може да се соочува со секојдневните проблеми со семејството, пријателите и на училиште. Навремениот третман и пристап на проблематичното однесување може да му помогне на дететo:

  • Да научи како да го контролира неговото однесување
  • Да научи како да ги искажува лутината и фрустрацијата на начини кои не се штетни
  • Да биде одговорно за неговите постапки и
  • Да ги прифаќа последиците од неговите постапки.

Многу професионалци организираат програми или терапии за чување и воспитување на деца, а некои работат и со самите деца. Преку овие програми може да се добијат информации и советување како родителите да ги подобрат способностите за чување и воспитување на децата и да го зголемат задоволството, а тие исто така поттикнуваат хармонија во семејствата. Овие програми исто така можат да им покажат на родителите како на конструктивни начини можат да го контролираат однесувањето на нивните деца.

Можеби ќе ве интересира