10 работи што треба децата да знаат пред да тргнат во училиште
Од година во година добивам впечаток дека се повеќе се истакнуваат способностите на децата кои не се основни во предучилишна возраст, а се занемаруваат елементарните. Сè почесто во разговорите со колегите наставници го гледам нивното разочарување поради неподготвеноста на децата да појдат во училиште.
Еве што треба да ги научите вашите деца пред да тргнат во училиште:
- Да се облекува, закопчува и врзаува патики самостојно.
- Да има добро развиени хигиенски и здравствени навики, како одење самостојно во тоалет, бришење нос, миење раце.
- Да има развиен говор и правилен изговор на сите гласови.
- Да ги користи волшебните зборови како: благодарам, повели, извини, добар ден.
- Да има ориентација во просторот и времето, како: утре, денес, вчера, пред, позади, над…
- Да може да нарта човечко тело со сите негови потребни делови
- Да знае да рецитира и раскаже приказна.
- Да знае правилно да држи молив и а има развиена графомоторика.
- Да ја знае својата адреса и телефонските броеви на родителите.
- И да има прилагоден ритам на спиење и јадење.
И така, ова нека биде кратко потсетување за сите што наскоро ги чекаат училишните клупи. Списокот е, се разбира, многу подолг, но овде се опфатени некои основни норми.
Па, драги првачиња, имајте среќно ново животно поглавје!