АКТИВНИ ДЕЦА СЕ ЗДРАВИ ДЕЦА! ЗАПИШЕТЕ ГО ВАШЕТО ДЕТЕ ВО АТЛЕТСКИОТ КЛУБ „РАБОТНИЧКИ“

Спортски и здрави навики се стекнуваат уште од мали нозе. Кај децата, трчањето придонесува за хармоничен развој на целото тело и исфрлање на вишокот на енергија. Атлетските активности овозможуваат детето да ги изрази своите природни инстинкти за трчање, скокање и фрлање, кои се основни и важни елементи за секој друг спорт.

Атлетскиот Клуб „Работнички“

Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје ги отвара вратите за нови членови во атлетската школа, и ги повикува сите родители да ги запишат своите најмили и да внесат атлетски дух во нивниот свет.

Уписите на нови, млади и идни атлетичари ќе бидат отворени во текот на целата година, а пролетните термини започнуваат од 13-ти март. Групите се поделени според следните возрасни граници, првата група, мала група, се деца од 6 до 10 години, втората, средна група е наменета за деца од 11 до 13 години, додека пак третата група ги опфаќа децата постари од 13 години.

Атлетскиот Клуб „Работнички“

Атлетскиот Клуб „Работнички“ овозможува 50% попуст за првите два месеци на сите деца кои ќе се запишат на школата, а по првиот месец секој учесник во школата ќе добие и подарок маица со логото на клубот.

Атлетскиот Клуб „Работнички“ е дел од проектот „Детска атлетика“ на Атлетската Федерација на Македонија и на идните македонски атлетски ѕвезди им нуди тренинзи со специјално дизајнирана опрема, а исто така им нуди и ново, забавно и уникатно искуство.

Атлетскиот Клуб „Работнички“

Внесете здрави навики во животот на вашите деца!

Уписите се вршат преку веб страната на Атлетскиот Клуб „Работнички“ со пополнување на формулар на следниот линк: https://akrabotnicki.com/atletskaskola/.

Можеби ќе ве интересира