Како стихотворбите влијаат на децата и развојот на нивниот говор
Стихотворбите играат многу важна улога во развојот на говорот детето, особено во првите години кога говорот сè уште се формира. Тие се забавни, кратки и ритмични, па децата лесно ги прифаќаат и со задоволство ги слушаат и повторуваат. Една од најголемите предности на стихотворбите е ритамот и римата. Кога стиховите звучат мелодично и се повторуваат, децата полесно ги паметат зборовите. Ова му помага на детскиот мозок да ги препознае структурите на јазикот, што подоцна го олеснува читањето и пишувањето. Слушајќи и повторувајќи поезија, децата го збогатуваат својот речник. Во стихотворбите често се среќаваат нови или интересни зборови, кои децата ги учат природно и без притисок. Така тие го прошируваат речникот и почнуваат да ги користат новите зборови во секојдневниот говор. Стихотворбите го поттикнуваат и правилниот изговор. Кога детето рецитира, го вежба изговарањето на различни звуци, зборови и реченици. Римите често бараат појасна артикулација, па на овој начин се подобрува говорната јасност. Покрај јазичниот развој, стихотворбите ја развиваат креативноста и фантазијата. Тие создаваат интересни слики, смешни ситуации и игриви идеи што ја поттикнуваат детската имагинација. Детето учи да размислува, да си претставува и да ги поврзува зборовите со слики.
