Неуредна соба на вашето дете? Еве како да му помогнете да одржува уредност во својата соба
Ако детската соба ви е преполна со играчки, облека и други работи, не е единствената. Вообичаено е децата од сите возрасти да имаат ваков проблем. Постојат неколку типови на деца според својата уредност. Некои сакаат да имаат неуредна соба, други, така покажуваат независност. А некои деца имаат проблеми со организацијата и им треба повеќе помош за уредување. Без оглед на причината, можете да го поттикнете вашето дете да ја среди собата.
1. Бидете конкретни за тоа што е „неуредна соба“. – Самото кажување „Твојата соба е неуредна“ не им кажува на децата што треба да направат за да го поправат тоа. Кога собата на вашето дете не е уредна, влезете во неа и дајте конкретно решение што би требало да се направи за да биде уредна.
2. Бидете јасни за тоа како треба да се средуваат работите – Понекогаш собата на вашето дете е малку неуредна и може да ја оставите така. Но, важно е да му кажете да знае што нема да прифатите. Кога ќе видите дека некои предмети се растурени по подот после играњето со нив, треба да му кажете дека после секое играње треба да се соберат сите предмети од подот.
3. Објаснете зошто е проблем. – Некои деца не ја гледаат поентата да ги средат собите. За нив, помага да се објасни зошто уредноста е важна. Може да кажете работи како: „Ако не ги земете коцките, може да ги згазите и да си ги повредите нозете“. „Кога облеката е стуткана на вашиот кревет, тие се згужвани и изгледаат лошо“. „Ако не ги фрлиш остатоците од храна, може да привлече бубачки“. Сепак, бидете внимателни, да не се нервирате или повторувате постојано. Тоа може да предизвика контраефект.
4. Користете визуелни потсетници. – На некои деца им треба помош да запомнат како би требало да изгледаат уредни полици за книги. Фотографирајте ја полицата за книги кога е организирана и имајте ја таа фотографија. Може да им кажете како: „Книгите одат од највисока до најниска“. Друг корисен совет: направете и чувајте листа за проверка на задолженија на вратата за вашето дете да може да ја означи секоја работа кога е завршена.
5. Ослободете се од надраснати и застарени работи. – Неколку пати годишно, поминете низ детската соба заедно и подредувајки ги предметите и алиштата исфрлете се што веќе не му треба на Вашето дете.
6. Имајте место за се. – Децата може да се борат со средување на нивната соба ако не е јасно каде треба да стојат работите. Погрижете се да има место за сè што користи вашето дете и дека е лесно да ги врати работите назад. Тоа важи за облека, играчки, книги, спортска опрема, музички инструменти, уметнички материјали и се друго што тие многу го користат. Овој совет исто така важи и за материјалите за учење.
7. Бидете пример. – Ако очекувате вашето дете да одржува уреден простор, фер е да ја одржувате и вашата спална соба уредна. Барањето од децата да го наместат креветот кога вие не сте го наместиле вашиот, нема да биде добро. Вашата соба не треба да изгледа совршено. Но, обидете се да го задржите на истите стандарди што ги барате од вашето дете.
8. Пофалете ги напорите на вашето дете. – Ако го бодрите за средување, ќе поттикнете повеќе од тоа однесување. Дури и ако резултатот не е совршен, добро е да го пофалите за вложениот труд. „Подот сега е многу почист. Ти благодарам што ги среди играчките“.
Собата на вашето дете можеби никогаш нема да биде беспрекорна. Но, објаснувајќи зошто уредноста е важна и поддржувајќи го вашето дете, можете да помогнете да ја доведете детската соба во многу подобра форма.