Јас како дел од тимот кој соработува, остварува цели, презентира и постигнува резултати – состав на Мила Павловска

Состав на Мила Павловска

Во животот многу пати сме се нашле и многу пати ќе се најдеме во ситуација кога ќе бидеме дел од некој поголем или помал тим. Тим е група на луѓе кои имаат заедничка цел.

Јас како дел од тим секогаш сум се стремела и ќе се стремам за да ги извршам моите работни обврски. Кога се наоѓаме во тим ние треба да работиме заеднички за да ги исполниме обврските кои ни се зададени. Јас кога се наоѓам во тим секогаш гледам да имам соработка со другите членови. Соработката меѓу членовите во тимот, ќе допринесе за добро, целосно и брзо завршување на обврската. Кога има поделба на обврските во тимот, свесна сум и со одговорност ги исполнувам секогаш дури и пред време. Кога еден човек е во тим со други луѓе многу е важно и да презентира свои гледишта за работата која треба да се заврши. Со размена на мислење меѓу членовите се доаѓа до подобри резултати во работата која треба да се сработи.

Доколку секој се посвети кон овие работи кои ги набројав и кон кои јас се придржувам, работата во тимот ќе биде секогаш во целост исполнета. Секој член од тимот е важен.

 

Мила Павловска е ученичка во осмо одделение во ООУ Јан Амос Коменски, Карпош, Скопје

Можеби ќе ве интересира