Англискиот јазик го заменува мајчиниот јазик кај децата

Наместо нивниот мајчин јазик, сè повеќе деца комуницираат на англиски јазик. Ова се случува затоа што прекумерно ги користат модерните технологии и нивните родители наместо да им ја развиваат моториката и да ги учат да играат, тие ги тераат да бројат и да учат зборови на англиски јазик, така што се случува децата да не знаат како да го кажат своето име, но знаат цели фрази од овој јазик. Овој заклучок од пред подолго време го донесоа многу логопеди ширум светот  и за тоа алармираат неколку години. Ова не се случува само во нашата држава, туку оваа појава ја има во многу земји.
Има многу тригодишни и четиригодишни деца кои знаат да кажат имиња на бои на англиски јазик, да сметаат на англиски јазик,  ја знаат азбуката, но кога ги прашуваме како се викаат, тие не знаат како да го кажат тоа, па тоа бара долгорочен третман, кој секако трае четири до пет години, но тој мора да биде поддржан од работата на неговите родители дома  и од други детски стручни лица.

Телефоните и таблетите, кои се секојдневие во животот на децата од предучилишна возраст, се виновни за многу работи, така што нивните родители, покрај бавниот говор и јазичниот развој на децата, се среќаваат и со моторни проблеми кај нивните деца. Незнаејки што да прават, тие наместо да ги учат да играат различни игри, несвесно ги поттикнуваат да учат да зборат на англиски јазик.
Децата се многу малку активни во текот на денот или целосно неактивни. Многу малку излегуваат во природа, се качуваат и скокаат. Тие се претежно на телефон, на таблет и од тие причини треба да се користи социотерапија каде ќе се работи на развој на фини моторни вештини, моторни вештини со прсти , развивање и одржување  на фокус и концентрација.
Најпрво треба да се направи проценка на нивната способност  преку пуштање да го прават она за што се заинтересирани и што сакаат да го прават. Од тука започнува процесот на подобрување. За процесот да има поголем успех потребно е родителите паралелно да работат со своите деца.
Современите технологии не само што влијаат на развојот на децата од предучилишна возраст, од училишна возраст и часовите поминати пред екранот, исто така, влијаат на емоционалното созревање на адолесцентите, кои буквално цело време го поминуваат  на Интернет.

среќни деца
Децата и адолесцентите стануваат некако празни,  се свртуваат сè повеќе и на други работи за кои не би требало да ги интересира на нивна возраст. Тие помалку се социјализираат. За нив не постојат правила. Депресијата како емоционално нарушување може да се појави и кај помалите деца, а не само кај адолесцентите, така што е само важно како родител да го препознаете тоа.
Во последниве години се третираат разни нарушувања кај деца и адолесценти, а повеќето од нив, дури 70 проценти, се однесуваат на говор и јазични нарушувања кај децата.

Учете ги децата да играат, рипаат, скокаат и да имаат детство!

Можеби ќе ве интересира