Што е АДХД?

Кога децата се многу мали, лесно им се одвлекува вниманието и тие реагираат импулсивно, меѓутоа како што растат, тоа се подобрува. Ако овие проблеми се сериозни или постојани, тие може да бидат последица на Хиперактивното растројство на недостиг од внимание – АДХД (Attention Deficit Hyperactivity Disorder).

Децата со АДХД често имаат тешкотии да следат инструкции, да ги завршуваат задачите, да ги разбираат другите и подолго време да бидат мирни.

Ако кај вашето дете се присутни следните знаци повеќе од шест месеци, тогаш потребно е да барате помош од стручно лице:

  • околината или други мисли лесно му го одвлекуваат вниманието на детето
  • тоа не е способно подолго време да се концентрира на една работа
  • детето е прекумерно активно, не е способно да биде мирно или да престане да зборува, или
  • детето постапува импулсивно без да размислува за последиците.

Овие деца може да имаат тешкотии да се спријателуваат со други деца, да имаат проблеми на училиште и стекнуваат погрешна репутација како ‘лоши деца’. Ако мислите дека на вашето дете му е потребна помош, не се двоумете и побарајте помош од стручно лице.

АДХД

Можеби ќе ве интересира