ЗА НАС

Топло добредојде на нашата веб-страница на која се надеваме дека ќе најдете корисни информации. Нашата намера е да им обезбедиме на посетителите преглед на корисни информации поврзани со децата.  Пријателскиот “семеен” етос на WE KIDS  ги поттикнува високите очекувања  и го подобрува личниот развој на секое дете  во рамките на социјалните ставови и вредности.

Ние сме пријатно и инклузивно место каде што децата се негуваат во позитивна, грижлива и безбедна средина. Преку акцент на социјализација и учење насочено кон децата, нашата цел е секое дете да го оствари својот целосен потенцијал. Децата, исто така, се охрабруваат да станат самоуверени, независни. Наша цел е да ги задоволиме потребите и аспирациите преку високо квалитетно предавање, дружење и учење. Активно настојуваме да ја промовираме тесната соработка помеѓу училиштето, семејствата и пошироката заедница, вклучувајќи ги и другите.

WE KIDS е со мисија да обезбеди високо интелектуална и креативна средина за учење и социјализација, дизајнирана околу начинот на кој децата најдобро се социјализираат и учат. Комбинацијата од  педагогија, технологија и социјални прашања е за да ги подготви децата за лидерство во глобалниот свет. WE KIDS  е посветен на негување на здрава, инклузивна и интегрирана заедница каде што сите ученици имаат еднаков пристап и можности и можат да напредуваат академски и социјално. Развивањето на крос-културна емпатија и разбирањето е од витално значење за да им помогнеме на сите ученици да го реализираат својот вистински потенцијал. Понатаму, податоците покажуваат дека разновидност и академска совршеност се испреплетуваат, а социјалната разновидност ја подобрува креативноста и го подобрува критичкото размислување. Затоа, посветеноста наша кон разновидноста, еднаквоста и вклученоста останува интегрална во исполнувањето на нашата мисија и обезбедува образовно-социјална совршеност за секое дете.

Нашата визија:

WE KIDS се стреми да го реализира целосниот потенцијал на секој поединец да биде среќен, ефективен и одговорен член на општеството.

Мисија:

Обезбедуваме квалитетна средина за учење и социјализација  која го препознава уникатниот придонес на секој поединец и ги предизвикува сите наши ученици да го постигнат својот максимален потенцијал.

Ние сме познати по:

Професионални ресурси, совети и услуги;
Длабочина на знаење и експертиза;
Развој на иновативни ресурси;
Одговорност, реакција и адаптибилност.

Ги инволвираме учениците во важност да направат вистинска разлика во нивната заедница

Нудиме негувачка средина каде децата растат како ученици – и како луѓе.

Инспирираме љубов за учење и верување во заедницата.


Мојата посветеност

Неодамна слушнав една многу моќна реченица која и те како ме мотивираше повеќе да се посветам на мојата работа, а таа гласи вака: „Кога знаеш зошто, тогаш знаеш што има големо влијание, бидејќи одиш кон твојата цел“. Неодамна ја започнав мојата 15-та година во образованието. Секоја учебна година, размислувам зошто сум едукатор и зошто одбирам да бидам во образованието.

Сè уште се сеќавам на денот кога ја носев мојата ќерка на нејзиниот прв ден во градинка. Таа сега има скоро 18 години, но таа случка ми остана свежа до ден денес. Одев со неа до крајот на нашата патека, каде што ја чекаше нејзината прва учителка. Бев малку нервозен, прашувајќи се дали ќе плаче и ќе ме бара мене, ќе одбие да оди или едноставно ќе ме заборави откако ќе влезе внатре. Како што се приближувавме, се прегрнавме и се бакнавме, а таа самоуверено се искачи по тие мали скали на главниот влез. Сè уште можев да ги видам нејзините убави мали очи како ѕиркаат низ стаклената врата додека мавташе за збогум.

Додека се враќав кон дома, очите ми беа исполнети со солзи, нешто од тага, нешто од среќа. Тој момент ме потсетува секој ден зошто го работам ова што го работам и зошто сум толку посветен. Кога ја испратив мојата ќерка во градинка тој ден, голем дел од нејзиниот живот му го предадов на образованието за следните 13 години. Тоа беше голем чекор и ме остави да се чувствувам малку беспомошно и без контрола. Но, мора да запомнат сите едукатори дека никогаш не смееме да заборавиме, дека ние учиме нечие дете и само поради таа причина, имаме една од највредните работни места на светот. Додека си одев дома откако ја оставив мојата ќерка во градинка си помислив: „Сакам тоа место да направи сè што може за да се грижи за мојата ќерка. Сакам таа да се чувствува безбедно, сакам да се чувствува сакано, сакам да се забавува, сакам да се чувствува поврзана, сакам да учи многу. Ве молам, грижете се за мојата ќерка. Секој ден.“

Семејствата ги доверуваат своите деца на учителите, а тие ни го испраќаат најдоброто од себе секој ден. Најдоброто од секое семејство изгледа различно, и наша работа како едукатори е да ги запознаеме „какви што се“ и да одиме покрај нив со мотив да научат многу нови и убави работи во животот.

Се чувствувам навистина среќен што ја работам оваа работа и сакам семејствата да знаат дека сум посветен на грижата за нивните деца секој ден. Каков огромен предизвик, но уште поголема можност за мене е да се грижам за најскапоценото нешто на семејството , а тоа се нивните деца. Моја работа како едукатор е да направам сè што можам за да се грижам за секое дете, да ги заштитам, да им помогнам да знаат дека се сакани и да создадам забавна и пријатна средина каде што ќе се чувствуваат поврзани. Секој еден ден.

Образованието и воспитанието не е лесно, но вреди да се биде во него.