Од моја гледна точка
Нашата цел е да го направиме ова место подобро место за живеење за децата. Го создаваме овој нов пристап со методи за работа со децата, родителите и нивните блиски, се со цел да ги ставиме потребите на децата, младите и семејствата на прво место.
Долго време ги слушам родителите, просветните работници, децата и младите. Досега слушав дека иако има повеќе можности за младите и децата денес, отколку било кога досега, родителите сакаат поголема подршка во управување со новите притисоци со кои се соочуваат тие и нивните деца, како интернетот, насилните игри, брзото темпо на живот… Слушам дека треба да се направи нешто повеќе за да се осигураме дека секое дете ќе добие еднакво место во светот.
И така градејки ја мојата кариера со реформи внесувајки ги новите методи за работа, дадоа извонредни резултати во изминативе години. Мојот детски план ќе ја зајакне подршката на семејствата за време на формативните години од животот на нивните деца, ќе ги имплементира чекорите за постигнување во образованието, ќе ги вклучи родителите во воспитувањето и учењето на своите деца и ќе имаат интерсни и возбудливи работи надвор од училиштето и домот.
Планот значи дека повеќе од кога било досега децата ќе бидат во центарот на одлични, интегрирани услуги кои ги поставуваат нивните потреби, без оглед на традиционалните институционални и професионални структури.
Би сакал и ќе се потрудам, овој детски план да биде почеток на нов начин на работа, а не еднократен настан. Освен тоа треба да се стои цврсто на планот дека ќе им помогнеме на децата и младите да се стремат да имаат и да ги остварат своите амбиции.
Поставуваме амбициозни нови цели и ќе известуваме за напредокот. Сите играме улога во воспитувањето и образованието на децата. Ќе ги учиме и ќе ги поддржиме родителите додека ги воспитуваат своите деца, ќе ги истакнуваме нивните таленти и квалитети и ќе се осигураме дека ниедно дете или млад човек нема да заостанува.
Тоа е она што ни го дава нашиот детски план.
Славе Павловски
Founder & CEO
WE KIDS