15. Октомври- Мијте ги Вашите раце и одржувајте хигиена на Светскиот ден за миење раце

Миењето на рацете со сапун е светска превентива и еден од најефикасните и најевтините начини за спречување на различни заболувања, кои заедно се одговорни за повеќето смртни случаи на децата и возрасните. На 15 октомври секоја година, ширум светот се слави Глобалниот ден на миење на рацете за да се зголеми свеста и разбирањето за важноста на миењето на рацете со сапун како ефикасен и достапен начин за спречување на болести и спасување животи.

миење раце
Миењето на раце е честопати еден од најнезабележаните и најнеценетите чекори кога станува збор за борба против болести. Дали знаевте дека 95% од луѓето велат дека ги мијат рацете по користење на јавен тоалет, но:  1 од 5 луѓе не ги мијат рацете, 30 % од луѓето не користат сапун при миење на рацете, а 16 % не ги мијат рацете доволно долго.Фактот дека 80% од инфекциите се шират преку рацете ни кажува дека, не е ни чудо што секоја година 1,7 милиони деца во светот не доживуваат да го прослават својот петти роденден поради дијареја и пневмонија. Миењето на рацете со сапун е еден од најефикасните и најлесните начини за борба против инфекциите и заразите.Практикувајќи добра хигиена на рацете, вие не само што се заштитувате себеси, туку и оние околу вас. Не заборавајте: Миењето на рацете со сапун најмалку 30 секунди е најефективниот начин за промовирање на правилна хигиена на рацете. Тоа е еквивалентно на потпевнување на песната „Среќен роденден“ двапати!
Темата на Глобалниот ден за миење на рацете во 2020 година е „Хигиена на рацете за сите“.

миење раце

Текстот го напиша лиценциран детски тренер и личен детски асистент: Славе Павловски

Можеби ќе ве интересира