Размислувам за мојата иднина – Состав на Дарис Туфекчиоски

Размислувам за мојата иднина - Состав на Дарис Туфекчиоски

Сакам се да биде како моето размислување за мојата иднина, а мојот сон можеби ќе биде мојата иднина. Тоа е мојата цел која сакам да ја остварам. Сите ние имаме размислување и имаме цел која не движи напред.
Секојдневно забележувам промени кои ме прават љубопитен и почнувам да размислувам за нив. Дали можеби можат да изгледаат поинаку и што треба јас да направам за да бидам дел од тие промени кои ќе му донесат напредок на човекот? Имам сон за мојата иднина! Моето размислување е да градам и да создавам нови домови, нови паркови, нови патишта кои ќе не одведат во иднината. Затоа ќе учам и ќе работам. Најпрво ги затворам очите и пред мене како на филмска лента започнуваат да се движат слики, кои ќе бидат вистински. Улиците се пространи и широки со дрвореди и бујни крошни. Зградите најразлични, сите со големи прозорци и светли бои. Тоа е и мојата цел, да го впиеме секој сончев зрак, кој доаѓа до нас. Затоа моите згради се во различни форми и големини. Покрај мене поминуваат луѓе, ведри и насмеани. Парковите се преполни, а во нив најразлични растенија, дрвја и цвеќиња. Фонтаните полни со вода и луѓе околу нив. Има детски игралишта, слушам детски џагор, некој игра баскет, некој фудбал, а некој пак само седи на дрвените клупи наредени покрај големите зелени површини. Прекрасна слика! Но, не застанувам, продолжувам понатаму. Ќе учам и ќе станам најдобриот архитект за да го исполнам моето големо размислување.
.Да бидам искрен, ова размислување да бидам голем и добар градител ме држи буден и кога сите спијат и кога се е тивко. Јас имам надеж и верувам во битката која секојдневно се води за секој човечки живот, бидејќи мојот сон за мојата иднина е за мене и за сите нас.

Дарис Туфекчиоски  е ученик во седмо одделение во П.О.У.  „Јахја Кемал“ од Скопје

мојата иднина

Можеби ќе ве интересира