Како да се справите со тврдоглаво дете?

Дали вашето дете е тврдоглаво и самоволно токму кога сакате да ве послуша? Дали вашето дете лесно се нервира од ситница и сака да си тера по свое, по секоја цена? Викање на цел глас без солзи, фрлање на под и инает се само некои од предизвиците со кои некои родители секојдневно се соочуваат.

Ако детето може да го каже своето мислење, желби и намери, тоа е добро. Знаете дека вашето дете е вредно и паметно, но понекогаш едноставно не можете да најдете заеднички јазик и да воспоставите универзални правила. Ова се некои практични совети кои можете да ги практикувате во вакви ситуации:

1. ЗБОРУВАЈТЕ СО МИРЕН ТОН – Најпрво контролирајте го вашиот гнев и бидете смирени кога ќе почувствувате дека детето почнува неконтролирано да ги изразува своите желби и потреби…

2. ОВОЗМОЖЕТЕ МУ НА ДЕТЕТО ДА НАПРАВИ ПОЗИТИВНИ ИЗБОРИ – Обидете се да создадете средина на позитивни избори. Ако сакате детето да ги собере играчките, а тоа одбива, дајте му избор кој води до она што го сакате…

3. ЈАСНО ИЗРАЗЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА И ПРАВИЛА КОГА ДОМА Е МИРНО, КОГА СЕДИ И ВЕ ГЛЕДА ВО ОЧИ – Договорете ги правилата заедно со вашето дете…

4. УМЕТНОСТ НА ВНИМАНИЕ – Веднаш штом ќе видите дека детето почнува да покажува самоволност и тврдоглавост, свртете му го вниманието на нешто сосема друго…

5. СОЗДАДЕТЕ ЈАСНА СТРУКТУРА И ДНЕВНИ РУТИНИ – Ќе видите дека вашето самоволно дете подобро ќе функционира ако однапред ги најавите настаните, т.е. кога неговиот ден има структура…

6. ИЗБЕРЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ПОСТАПКИ И ОБРАТЕТЕ ВНИМАНИЕ НА БЕЗБЕДНОСТА НА ВАШЕТО ДЕТЕ. – Со тврдоглаво дете, треба да изберете за што да се борите…

7. ЗАДОВОЛЕТЕ ГИ ОСНОВНИТЕ ПОТРЕБИ НА ВАШЕТО ДЕТЕ – Кога ќе забележите дека детето почнува да покажува непослушност и лутина, поставете си три прашања: „Дали е уморен?“ ; Дали е гладен?, и „Дали добива доволно внимание?“…

8. СПРЕЧЕТЕ ГО НЕСАКАНОТО ОДНЕСУВАЊЕ КОГА МОЖЕТЕ – На пример, ако вашето дете не може да се подготви навреме за во градинка/училиште наутро, затоа што избира работи и постојано ги менува желбите, договорете се секој викенд да подготвувате работи за таа недела…

Многу е важно родителите да запомнат дека не толку одамна и тие биле деца и дека нивните мајки и татковци имале полни раце работа околу нив. Сакајте ги дури и кога грешат, бакнувајте ги и прегрнувајте ги често. Ваквите потврди им се поважни на децата отколку наградите.

„Ако ги решите сите проблеми на вашите деца, тие нема да имаат други проблеми освен вас. – Душко Радовиќ

Можеби ќе ве интересира