Колку се разгалени единците?

Факт е дека многу луѓе веруваат дека единците се разгалени, напорни и дека никој не сака да се дружи со нив. Имено, многу заблуди и стереотипи се поврзуваат со единците. И дали единците имаат многу барања, се разгалени и напорни?

Разгалено

Секој човек на планетата има негативни особини, т.е. никој не е совршен и сите некогаш бевме деца. Децата не се разликуваат, без разлика дали се единци или не, а однесувањето на децата е одраз на ситуацијата во семејството. Родителите се одговорни за воспитувањето и однесувањето на детето. Ако познавате разгалено дете, кое е и единец, мора да знаете дека не е виновно детето, виновни се родителите и погрешните воспитни мерки.

Многу барања

Што се однесува до бараноста, ниту едно дете не може да бара нешто, доколку родителот не го дозволи тоа. Прашање е само како родителите ќе се позиционираат кон детето и какви методи на воспитување ќе користат.

Браќа и сестри

Не е ничија работа зошто некој има само едно дете. Секој коментар и проценка е погрешен. Секој има право да планира и основа семејство како што сака.

Интеракција

Единците се совршено способни, како децата кои имаат постари браќа и сестри, да комуницираат и да се дружат со другите. Единците не се различен вид, тие, како и сите врсници, функционираат подеднакво во општеството и развиваат социјални вештини. Тоа што се едни на своите родители, не значи дека се изолирани од останатото општество.

Можеби ќе ве интересира