Интервју: ХУМАНИТАРЕН ПРОЕКТ
Елена (@elenagagic), Елена (@aktivnosti_za_deca) и Симона (@moe_dete) се три девојки активистки на социјалните мрежи, секогаш во борба за оттргнување на децата од социјалните мрежи, овој месец ни претставија еден уникатен проект со големо социјално значење, во соработка со здружението “Љубезност”.
Се работи за хуманитарниот проект кој го нарекоја “ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ” , а главната цел на проектот е да не потсетат дека секое дете на Светот е исто и секое дете заслужува насмевка во
магичните празнични денови.
Денес разговаравме со нив за да ги дознаеме деталите во врска со нивниот проект.
1. Од каде ја добивте идејата за ваков хуманитарен проект?
Веќе една година ние три на социјалните мрежи промовираме една иста работа а тоа е да ги натераме родителите дома да се активираат заедно со децата, со цел да поминат квалитетно време заедно, да се забавуваат и да ги оттргнат децата од модерните технологии. Па преку наша неформална соработка каде што разменувавме мислења што се ние дома работиме со нашите деца настана нашата прва заедничка работилница за проектот “Врти од А до Ш” , за да ја повториме во Online работилницата за Halloween која беше во соработка со многу спонозори а поздравена од многу учесници. И двете работилници беа од забавен и едукативен карактер, сработени од мајки, татковци, тетки, деца… За на крај да дојдеме до идеја за годината да ја завршиме со насмевка, со добро дело.Се фативме за сериозна работа за да го промовираме Online проектот “ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ”.
2. Зборувате за online хуманитарен проект па малку е збунувачки каде всушност се одвива Вашиот проект и кој се може да земе учество?
Па вака, со цела посветеност баравме начин како најлесно да го изведеме проектот најевтино за учесниците а да собереме што повеќе донации. Проектот се одвива Online, конкретно на Instagram, каде што работиме во со повеќе групи. Начинот на пријавување е со ДОНАЦИЈА (начинот на донација на слики го преставуваме и на вашите читатели) , значи секој што сака да е дел од нашите работилници, донира најмалку 100 денари, во здружението “Љубезност” и со тоа станува дел од нашите работилници. Имаме зададена тема конкретно е ЗИМА и пријавените дома со своите деца прават изработки. Кога изработките се готови ги испраќаат кај нас и ние ги наградуваме најдобрите изработки (најдобра изработка значи најголема ангажираност на дете за дадена задача), на наше огромно задоволство добивме многу хумани пријатели во својство на спонозори кои несебично учествуваат со наградување на најдобрите изработки. Иако е ова генерално работилница за родители и деца, бројот на пријавени и бројот на донатори е многу голем и се вклучуваат се повеќе креативци.
3. Кои се целите и придобивките на овој Ваш хуманитарен проект?
Како што и пишува во Вашата најава целта на овој проект е да создадеме што повеќе детски насмевки, а за таа цел собраните пари од донации заедно со здружението “Љубезност” кои се наша водилка во проектот, ќе бидат наменти за НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА за деца од социјално загрозени на семејства. А кои се придобивките?! Насмевките децата, дефинитивно! На тие што преку нашиот проект дома поминуваат време со родителите, подготвувајќи се за празниците низ игра и едукација од една
страна и искрените насмевки на децата кои за прв пат во животот ќе добијат пакетче од друга страна. Ние три најсреќно ќе ги поминеме празниците кога ќе знаеме дека сме изнудиле милион детски насмевки. Ви благодариме за одвоеното време и желбата да се вклучите во нашиот хуманитарен проект. (@elena.gagic , @aktivnosti_za_deca, @moe_dete)