Како да постапите со вашето тврдоглаво дете

„Ако ги решите сите проблеми на вашите деца, тие нема да имаат други проблеми освен вас. – Душко Радовиќ

Вашето дете има силен карактер што го прави тврдоглаво и самоволно токму кога сакате да ве послуша. Детето лесно се нервира од ситница и сака да го има својот пат, по секоја цена. Викање на цел глас без солзи, фрлање на под и инает се само некои од предизвиците со кои родителите секојдневно се соочуваат. Ако детето може да го каже своето мислење, желби и намери, тоа е добро. Знаете дека вашето дете е вредно и паметно, но понекогаш едноставно не можете да најдете заеднички јазик и да воспоставите универзални правила. Еве неколку практични совети:
– Зборувајте со мирен тон. Најпрво контролирајте го вашиот гнев и бидете смирени кога ќе почувствувате дека детето почнува неконтролирано да ги изразува своите желби и потреби.
– Овозможете му на вашето дете да направи позитивни избори. Обидете се да создадете средина на позитивни избори. Ако сакате детето да зема играчки, а тоа одбива, дајте му можност да направи избор кој води до она што го сакате.
– Јасно изразете ги вашите очекувања и правила во мир, кога седи и те гледа во очи. Договорете ги правилата заедно со вашето дете.
– Уметност на внимание. Веднаш штом ќе видите дека детето почнува да покажува самоволност и тврдоглавост, свртете му го вниманието на нешто сосема друго.
– Создадете јасна структура и дневни рутини. Ќе видите дека вашето самоволно дете подобро ќе функционира ако однапред најавите настани, т.е. кога неговиот ден има структура.
– Изберете ги вашите битки и обрнете внимание на безбедоста на вашето дете.  Со тврдоглаво и самоволно  дете, треба да изберете за што да се борите.
– Погрижете се да се задоволени основните потреби на детето. Кога ќе забележите дека детето почнува да покажува намерност, непослушност и лутина, поставете си три прашања: „Дали е уморен?“ ; Дали е гладен?, и „Дали добива доволно внимание?“
– Кога сте во можност, спречете го несаканото однесување. На пример, ако вашето дете не може да се подготви навреме за во градинка/училиште наутро, бидејќи избира работи и постојано ги менува желбите, договорете се секој викенд да подготвувате работи за таа недела.

Многу е важно родителите да запомнат дека не толку одамна и тие биле деца и дека нивните мајки и татковци имале полни раце работа околу нив. Сакајте ги дури и кога грешат, бакнувајте ги и прегрнувајте ги често. Ваквите потврди им се поважни на децата отколку наградите.

Можеби ќе ве интересира