Моето дете ме удира: Како да го запрете ова однесување

Како да го запрете тепањето

Раното детство е исполнето со љубов, смеа, развојни пресвртници и многу други работи. Без разлика што и да правите, родителството не е чиста и лесна работа, но е многу убава. Малите деца меѓу 1-3 години, во овој период ги прават своите први чекори, ќе се насмевнат за прв пат, ќе сфатат како да играат и ќе научат да трчаат и да скокаат. Тие, може да покажат некое необично однесување, како удирање. Удирањето, како и гризањето, е нормално однесување за секое мало дете, кое е помеѓу 1-3 години. Дури и децата од предучилишна возраст исто така може да удрат, иако ова се случува поретко.

Едноставно кажано, малите деца удираат затоа што не знаат како поинаку да се изразат во одредени ситуации. Малите деца може да удираат за да покажат дека се вознемирени, дека се премногу стимулирани или за да ве предупредат за неисполнета потреба. Децата од 1 до 3 години едноставно немаат вештини за саморегулирање, јазични и комуникациски вештини за нужно да можат да се сопрат кога се чувствуваат фрустрирани.

Првото нешто што треба да направите е да не го разбирате тоа лично. Тоа обично не е осмислена или намерна одлука на таа возраст и веројатно не е затоа што тие се обидуваат да повредат некого. Одвојте се физички од вашето дете и понудете алтернативно решение. Искористете ги вашите родителски инстинкти за да разберете што му треба на вашето дете во тој момент. Удирањето не е секогаш чин на агресија, тоа може да биде затоа што тие не знаат како на друг начин да изразат возбуда или друго чувство. Ако се работи за позитивна емоција и во тој момент детето удира, искористете го  моментот за да го научите како да се биде нежен со рацете и телото. Но, ако се вознемирени, најдобриот начин на дејствување е да им дадете замена и да им покажете дека можат да го надминат својот гнев со удирање на пример во перница. Гневот обично се јавува, ако им се земе нешто или не им се дозволува да прават нешто што сакаат во тој момент.

Ако сакате да го обесхрабрите удирањето и да ги научите да не го прават тоа, потребно е да почекате додека вие и вашето дете не се смирите. Потоа да зборувате за влијанието и последиците од удирањето. Треба да бидете во време кога се отворени за учење и тоа може да е сето друго време во денот. Можете да зборувате за тоа како се однесуваме со другите луѓе, што правиме со нивните тела и што правиме со нашите тела. Дел од ова ја отвора темата за согласност и граници. Право на другите луѓе е да дадат или не дадат дозвола за физички контакт, дури и ако тоа е позитивно, како прегратка. Децата треба да се научат да ги почитуваат и границите на другите. Можете исто така да користите мирни моменти за да именувате и да разговарате зошто биле фрустрирани, да ги потврдите нивните чувства и да обезбедите алтернативни решенија. На пример едно од алтернативните решенија е да разговарате за гневот со вашето дете и да го научите дека кога тоа е луто, може да каже дека е луто, да побара помош од некој возрасен човек, но никако не смее да повредува некого.

Можеби ќе ве интересира