Одбележување на светскиот ден на свесноста за аутизмот 02.04.2022
Светскиот ден на свесноста за аутизмот
На втори Април со почеток од 11:00 часот во Зоолошката Градина – Скопје, здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој “Во мојот свет” организира настан по повод меѓународниот ден на свесноста за аутизмот.
Во програмата освен едукативниот дел ќе има и забава за најмладите, проследена со интересна програма во која срдечно се вклучија децата од Златно Славејче, танцовото студио Еурека, зумба со Ирена Лозана, тетарска претстава со уличните акробати и жонглери од ФАЗБАБЛ, куклено мега шоу со Валентино и откачениот пантомимичар Мето.
Целта е подигнување на свесноста за Аутизмот и оваа година е 10-то одбележување на овој значаен ден. Затоа оваа година во подготовка и реализација се вклучија и Здружение на родители на деца и возрасни со Аутизам и сродни состојби “Сплотени срца” – Штип, Здружение на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби, невладина организација Боиме сино – Илинден, Маргарет Курт Талеска од здружението Куќа на среќата и Ирена Лозана од компанијата Смартер Гаиа иницијатори и организатори на проектот Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост под мотото Разбери, Прифати, Сакај…создади инклузивна свессност, Сашо Стојановски, истакнат музичар, хуманист и иницијатор на повеќе настани. Креаторот на проектот за кој сите зборуваат. Проект-Дифрент, Здружение за психолошки, дефектолошки и логопедски услуги ” Центар Савант”, Фондација Енигма.
Со резолуција на Генералното Собрание на Обединетите Нации од 2007 година, 2-ри Април се одбележува како Меѓународен ден на свесноста за Аутизмот, а симболично многу објекти во светот се осветлуваат во сина боја.
Здружението Во Мојот Свет веќе 10 години активно ја поддржува кампањата Light It Up Blue, а години наназад во сино беа осветлени многубројни значајни објекти во земјата, како што се Влада на РСМ, Министерство за Надворешни работи, Кабинетот на Претседателот на Републиката, Самоилова тврдина – Охрид, Куќата на Крапчевци – Охрид, Св.Кирил и Методиј – Охрид, Св. Наум Охридски, Амфитеатар – Охрид, Фаќач на крст – Охрид.