Подгответе го Вашето дете да биде спремно да живее самостојно кога тоа ќе биде потребно
Замислете дека вашето дете има пет години. Му помагате да го закопче палтото, да ги врзе чевлите и да го потсетувате да не го заборави својето јадење. На осум години го остава своето домашно дома. Воздивнувате, ги земаш клучевите од автомобилот и брзаш да му го однесеш, затоа што не сакате да изгледа неуредно и да не добие лоша оценка на училиште. На десет години, наместо во корпата за нечисти алишта, ја пика својата нечиста облека под креветот. Посегнувате под креветот, ги извлекувате и ги фрлате во машината за перење. На дванаесет години му треба потсетници да ги мие забите, да ја спакува торбата и да ги започне домашните задачите. На четиринаесет, сè уште треба да го разбудите на време. На шеснаесет години, тоа се срами кога ќе проба да закаже свој преглед на лекар, бидејќи никогаш не морал да направи важен телефонски повик. И тогаш, речиси преку ноќ, има осумнаесет.
Ете се запишува и тргнува на факултет. И тогаш се прашуваш. Дали е подготвен? – Затоа што сега, никој не проверува дека има сè. Никој не се грижи да му ги исполнува обврските, никој не ги поправа работите кога заборава, се двоуми или заостанува. И ако досега не научил да се справува со овие работи, тој е во сурова проверка на реалноста. Затоа што светот нема да забави додека го разбере тоа. Сметките нема да чекаат. Роковите нема да се поместат. Очекувањата нема да се намалат, само затоа што не е подготвен. И ако не научил како да застане на свои нозе, ќе мора сам да се бори. До моментот кога ќе разбере што му недостасува, ќе мора да надополнува и други работи. Затоа што независноста не е нешто што магично ќе се појави кога ќе им биде потребно. Тоа се гради малку по малку, во детството, преку мали моменти на одговорност, вежбање и неуспех. И токму кога се помали е совршено време за почеток да се спремаат за понатамошниот живот. Затоа што во моментот кога се мали, тие сè уште гледаат на вас. Во моментот, тие сè уште ги апсорбираат навиките, рутините и начините на размислување што им помагате да ги изградат. Ова треба да го правите затоа што еден ден, тие ќе треба сето тоа да го направат сами. И ќе знаете дека сте направиле се што можевте за да ги подготвите сами да се снаоѓаат понатака во животот.