Постојат повеќе успешни приоди од страна на родителите и наставниците што се користат во позитивната дисциплина, и тоа се: поставувањето на јасни правила и граници во детското однесување соодветни на возраста на детето, разбирливи и добро дефинирани очекувања од детето кои ќе се кажуваат како кратки и јасни пораки, за детето да разбере што и зошто се бара тоа од него. Притоа возрасните кои се со тоа дете или деца потребно е да ги продискутираат и да ги разјаснат своите очекувања од детето за да имаат усогласен став. Последново е многу важно, бидејки практиката покажува дека децата се поподготвени да ги следат и да ги почитуваат правилата во чие што однесување учествувале и самите тие.
Во рамките на позитивната дисциплина често се користи позитивно поткрепување и наградување на позитивно однесување кое не секогаш треба да биде од материјална природа . Посебно треба да се поткрепат оние активности со кои детето покажува трпеливост, самоконтрола, истрајност и кој ги завршува до крај. Најчесто, помалите деца или деца кои имаат проблем со концентрација или се хиперактивни, бргу се откажуваат при првиот неуспех. Таквото однесување, со практикување на трпелив и необвинувачки однос од страна на возрасните, треба да биде заменето со однесување што ќе цели кон успешна реалиација и во услови на неколку последователни неуспешни обиди. Конечниот ефект од примената на позитивната дисциплина се: среќни возрасни поединци, со високо себепочитување, самодоверба и самоконтрола, со развиена способност за емпатија , подготвени да соработуваат и да помагаат, кои умеат да го разликуваат доброто и правилно од лошото и неправилно однесување, со развиен систем на вредности и со позитивна слика за себе и другите. Со еден збор, ќе бидете возрасни кои се зрели личности со воспоставен личен интегритет кои со леснотија ќе можат да воспостават позитивна дисциплина кај своите деца.
Текстот го напиша лиценциран детски тренер и личен детски асистент: Славе Павловски