Предности од инклузија за родителите
Предности од инклузијата освен за децата има и за родителите. Тие се многу важни, особено кога родителите имаат деца со попреченост.
- Намалување на социјалната изолираност.
- Добиваат можност за ширење на контактите во разнолико опкружување.
- Учат за типичниот развој на децата.
- Добиваат континуирана помош во врска со начинот на решавање на проблемите на кои наидуваат во тек на растењето на нивните деца.