20. 000 милји под морето од Жил Верн

Прераскажана лектира

Белешка за писателот: Жил Верн бил роден во 1838, а починал во 1905 година. Тој бил познат ранцуски раскажувач и оставил многу дела за млади од кои 63 романи и 18 романи со авантуристички, научни и научно фантастични жанрови. Половина од тоа се книги за морињата. Во своите дела тој предвидувал многу технички пронајдоци кои денес се дел од нашата технологија. Жил Верн бил голем сонувач и неговата основна мисла била „Се што еден човек може да замисли, другителуѓе можат да го постигнат“.

Жил Верн
Анализа на лектирата

Тема: Капетанот Немо, Науилус етипажот и тројцата неслечни патници (Аронекс, Консеј, Недленд) доживуваат многу чуда и проблеми кога патуваат во вода.
Идеа: Одмазда и омраза можарт да ги вознемируваат дури и најитрите умови, а слободата и вербата во животот немаат алтернативи.
Мотив: Нормалниот живот е по привлечен од целото богатство и злато на животот.
Локација: Во морињата и океаните.
Наратор: Жил Верн
Главни ликови: Капетанот Немо, Аронакс, Консеј, Нед Ленд и аџи клак-клак.
Кратка содржина: Романот започнува со приказната за морнарите кои во 1866 година наоѓаат огромно чудовиште кое е со округла форма и кое од време на време шири светлина во океаните и морињата. За некои изгледало како пловечки гребен, а други го споредувале со познатиот Бел кит, страшниот Моби Дик од Леденотото море. Компликацијата се јавува кога, чидовиштето на 5 Март 1866 година го погодил и оштетил бродот Моравјан и 5 недели подоцна бродот Шкотска. Тоа било знак дека чудовиштето постои, требало да се најде и да се уништи, а САД подготвувале експедиција за пронаоѓање. По покана на министерот за морнарница, Аронакс, професорот по Природни науки од Париз бил дел од оваа експедиција. Командант на бродот бил прочуениот Фарагат. Бродот покрај најдобрата ловска опрема го имал и Нед Ленд, скапоцениот крал на ловците на окените. Бродот со името Абрахам Линколн го обиколи Северниот пацифик и не нашол ништо. Но, капетанот Фарагат бил тврдоглав и го вртеше бродот уште неколку дена низ морињата. На третиот ден, Нед Ленд го виде чудовиштето, веднаш штом и другите го видоа. Сите на бродот се спремале за голема тепачка каде чудовиштето го гаси светлото и два огромни млаза од вода го поркива бродот и ги потонува лугето.  Некој дел од лугето пливаат до островот само за да се спасат, и сите виделе дека чудовиштето било направено од човечки раце. Подморницата подолго време била во мирување, а потоа почнала да се движи. Кога се отварал капакот почнал да шкрипи и од него излегол човек. Наеднаш излегле повеќе луѓе, ги фатиле луѓето од бродот и ги пикнале во подморницата. Ги сместиле во некоја кабина. По некое време во кабината влегле некои луѓе и зборувале на непознат и нејасен јазик. Професорот Фарагат се обидел да зборува на француски, па на латински, но ништо не го разбирале. Консеј пробал да зборува на германски, а Нед Ленд на англиски, но пак ништо, двајцата луѓе ги оставиле и си отишле. Нед Ленд бил лут затоа што бил многу гладен. Наскоро добиле облека и риби за јадење. Нед Ленд почнал да планира како да избега, па дури замислувал како да ги убие сите на подморницата и да завладее со неа. Кога слугата следното утро донел храна, Нед Ленд го грабнал за врат, а професорот и Консеј тргнале да спремаат тепачка, но во тој момент на француски јазик било кажано да слушаат и да се смират. Тоа било гласот на капетанот на подморницата.  Во надмудрувањето кој кого нападнал, капетанот Немо им понудил слобода на затворениците од бродот Абрахам Линкол, но под услов тие да се откажат од цивилизацијата. На ова се спротиставувале сите, а најмногу Нед Ленд. Зборувајки на професорот Аронакс, капетанот Немо открива дека го познава професорот и му сугерира дека нема да се жали за несреќата, затоа што ги има сите негови книги во библиотеката на подморницата. Во своите книги, професорот допрел до најодалечените места кои ги дозволувала земјената наука. Но професорот не знаел се, затоа што не видел се. Ќе пишувал низ маѓепсаните пејсажи и постојано ќе бидел изненаден и маѓепсан. Капетанот Немо ја погодил слабата точка на професорот, кој поради науката се откажува од слободата на подморницата Наутилус. Професорот Аронакс донава дека сите јадења се морски, сите облеки се направени од морска трева, перото за пишување од забот на китот, мастилото од рибизли, а цигарите од посебен вид алги богати со никотин. Капетанот Немо и понатаму зборува за морските подрачја во  кои владеат минарелните, растителните и животинските кралства. Тој потенцира дека вистинската слобода е во длабочините на морето, затоа што нема влијание од копнените владететели. Потоа Немо го носи професорот Аронакс низ целата подморница.   По два месеци подморницата дошла до брегот на патот кон Азија каде професорот и Консеј  одат на брегот по храна со верба дека ке избегаат. Наогаат обилна храна, но радоста набргу завршува кога се нападнати од домородци. Следниот ден домородците упаднале во палубата и потоа биле исфрлени по што одат на лов по школки. Истиот ден Немо спасува сиромашен индиски ловец на бисери и му дава цела вреќа со бисери. Тогаш и Нед Ленд се покажува како храбар и вешт борец. Во еден момент кога професорот и капетанот Немо се шетале надвор од порморницата го нашле потопениот континент Атлантида. Пред нивните очи се нашол потопен и разрушен град. Во понатамошните крстарања се срекаваат огромен број китови убици. Се борат со неверојатно големи октоподи долги 8м, а подморницата се наогала во безнадежна позиција во ледените води на јужниот пол. Подморницата била исечена од дебел слој на мраз и не можела да излезе на површина и да земе чист воздух, затоа професорот се онесвестува. Спасување се случило кога капетанот Немо ја насочил целата достапна електрична енергија за загревање на водата. Приказната завршува на спротивната страна на планетата во северното море. Подморницата се нашла во огромна локација, а капетанот Немо во некој вид транс. Професорот Аронакс и Нед Ланд и слугата Консеј одлучиле да избегаат, но без надежно. Тие минуваат низ собата на капетанот Немо кои гледа во слика со жена и две деца. Немо тогаш кажува дека ги изгубил сите блиски и неговите последни зборови биле: Семокен Бог! Доста е! Доста е! Бегалците се качиле некои во брод,а некои во чамец и со силен морски удар биле исфрлени од подморницата. Професорот се освестил во рибарска колиба на некој рибар и видел дека тука биле и неговите пријатели. На крајот од романот професорот Аронакс, кажува дека не знае што се случило со подморницата Наутилус и капетанот Немо и дали океанот ги проголтал или сеуште крстарат низ подморските длабочини.
20. 000 милји под моретоАнализа на ликовите:
– Капетанот Немо. Оваа книга не е само книга за подморница, туку за нејзиниот капетан кој е бунтовник, сонувач и одмаздувач. Овој лик е идеал за научник, борец и човечност. Немо е потомок на вистинска историска фигура, славниот султан Типу-Сахис, владетел на последната држава во Јужна Индија. Починал во ојна со Англичаните. Немо е богат и моќен човек кој се откажал од луѓе, земјиште па дури и од своето име. Тој е познавач на експерти во областа на инжињерството, физиката и други науки, многу јазици и уметости. Немо ги загубил сопругата и децата и поради тоа страда. Тоасе гледа кога спасува лош ловец на бисери, кога им помага на бунтовниците, кога спасува паднати членови на екипажот, но се гледа и неговата темна страна кога безмилосно уништува воен брод.  На крајот од романот го гледаме во слабост и покајание, заради моќта која ја имал му овозможувала да им суди на луѓето и да стане негова клетва.
– Професорот Пјер Аронакс. Француски научник , светски познат експерт чие образование направило да биде член од експедицијата која го открива непознатото морско суштество. Но кога случајно станува затвореник во подморницата Наутилус, тој станува фасциниран од можноста да ги открие световите во морето. Тој најмногу разговара со Немо и се восхитува на него и неговите достигнувања.
– Консеј. Тој е слуга на професорот, советник, послушна и практична личност.
– Нед Ленд. Тој е простодушен канаѓанец, човек кој сака слобода, пространост и лов. Тој копнее по родниот град и цело време планира да ја напушти подморницата. Тој е олицетворение на виталноста на животот.
Опис на подморницата Наутилус. Таа е во облик на цигара и долга е 70 метри Оклопна однадвор, а од внатре со прегради споени со железни шипки во облик на буквата Т. Оклопот на подморницата бил направен од најтрдиот и најдебелиот челик. Кормилото е во стаклен кафез на задниот дел, а позади тој кафез имало моќен рефлектор кој го осветлувал морето околу половина километар. Површината на подморницата наликувала на крлушки од рибите.

Можеби ќе ве интересира